07/10/2023
Овој септември го одбележавме со свеченото отворање на првиот IQOS бутик во Македонија, лоциран на приземјето во East Gate Mall.
Атмосферата беше исполнета со возбуда и исчекување додека ги пречекувавме нашите ценети гости, партнери и лојални клиенти. Овој настан е резултат на повеќемесечно прецизно планирање и напорна работа, насочена кон постојано подобрување на корисничкото искуство при секоја интеракција со нашата IQOS заедница. Па затоа, IQOS бутикот го отсликува токму тоа.
Официјалното сечење на црвената лента го означи почетокот на новото поглавје во патувањето со IQOS. Бутикот е хармоничен спој на елеганција и уметнички израз и претставува вистинско визуелно ремек-дело. Креативниот сјај со локален шмек го должиме на извонредната соработка со двајца врвни македонски уметници, Сања Симоска и Сали Ертунц, кои го украсија просторот со своите уникатни таленти. Уметниците заеднички креираа мурал инспириран од духот на Скопје.
Свеченото отворање не беше само настан; туку прослава за уште еден чекор понапред во нашата трајна посветеност да обезбедиме исклучителност. Беше неверојатно да се види и доживее ентузијазмот и љубопитноста на оние што славеа заедно со нас.
Не беше во можност да присуствуваш? Тркни до бутикот и уживај во новото искуство!
Повеќе од 3 години во Македонија, IQOS претставува подобра алтернатива - без чад, пепел и помалку непријатни мириси и овозможуваат вкус на вистински тутун на база на технологијата на загревање.
Сега, со нашиот бутик, ова IQOS патување добива нова димензија на претставување на нашите производи. Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до сите кои ни се придружија за оваа незаборавна пригода. Твојата поддршка е клучна за нашиот раст и ние сме длабоко благодарни за твојата доверба во IQOS.
Со нетрпение очекуваме повторно да ти посакаме добредојде во нашиот бутик во East Gate Mall, каде што наследството на IQOS продолжува да раскажува успешни приказни. Приказни кои набрзо ќе креираат и одбележат нови локации...
Остани во тек за уште повозбудливи искуства и иновации. Ти благодариме што си дел од нашето патување! 🎨 🛍 🌟