15/12/2023

IQOS Апликација

IQOS не престанува со серијата иновации

Дозволи ни овој пат да ти ја претставиме нашата долгоочекувана IQOS апликација - твојот портал кон суперирното задоволство. Апликацијата е компатибилна со



Апликацијата е сега достапна, а во продолжение ти претставуваме некои од придобивките што ќе ти ги понуди


Адаптирана само за тебе

Апликацијата IQOS ја крева персонализацијата на сосема поинакво ниво. Приспособи ги поставките на уредот, ослободи ја креативноста и именувај го уредот како што сакаш, следи колку батерија ти преостанува до следното полнење. Прилагоди го режимот на вибрации и осветлување - сето тоа со неколку допири на дисплејот.


Лоцирање и безбедност

Креативците често знаат и да бидат малку реасеани. Дали си го оставил твојот уред да се полни, или си го заборавил во спална, во двор, во кујна? Повеќе нема простор за паника. Ако твојот IQOS е оддалечен до 10 метри од Android уредот од кој пристапуваш до апликацијата, преку Bluetooth конекција апликацијата ќе го лоцира уредот преку вибрирање (предуслов е држачот да се наоѓа во џебниот полнач). Во случај уредот да биде оставен надвор од ова растојание, аплкикацијата ќе ти ја покаже последната локација каде што сте биле поврзани.

Што се однесува на безбедноста, сега сте посигурни од било кога: едноставно заклучи го уредот преку апликацијата. На овој начин никој друг не може да го користи твојот IQOS. Потоа отклучи го преку истата опција и уживај.


Беспрекорна поддршка

Наидe на проблем или имаш дилема? Ти треба помош? Апликацијата е твојот совршен асистент кој ти нуди експресна поддршка. Апликацијата лесно го детектира проблемите и експресно нуди решенија за истите. Нема повеќе неизвесности – сигурно чекориме кон совршенство.


Лесна надградба на софтверот

Апликацијата IQOS ти гарантира дека твојот уред е тековно ажуриран. Елегантно и едноставно можеш да ги превземеш најновите ажурирања на софтверот, кои ќе ти гарантираат оптимални перформанси и врвни карактеристики.


Ресетирање и автоматско чистење

Ресетирањето на уредот е брз начин да се санира моменталната пречка во работата на твојот уред. Секој уред може да се ресетира со одредена шема на притискање на копче, но сега апликацијата IQOS ти нуди брз и лесен начин за ресетирање на уредот со само неколку клика на твојот телефон.

Дополнително, добиваш можност за дополнителна нега за IQOS 3 DUO и IQOS ORIGINALS DUO уреди преку автоматско чистење на грејното сечило. Ова не е комплетна замена за класичното рачно чистење, бидејќи остатоците од користење мора да бидат рачно отстранети и исфрлени од држачот. Меѓутоа, кога ќе завршиш со чистењето со стапчиња, со помош на IQOS апликацијата ќе можеш да ги отстраниш наслагите од грејното сечило и да си обезбедиш оптимално уживање.


Апликацијата IQOS е наменета за нашите регистрирани корисници, а кон содржината се пристапува со внесување на телефонскиот број врз основа на кој е регистриран твојот профил. Откако ќе се најавиш, ќе можеш да ги видиш сите IQOS уреди кои се регистрирани на твое име (IQOS 3 DUO, IQOS ORIGINALS DUO, IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA, или IQOS ILUMA ONE) додека, за жал, апликацијата не поддржува lil SOLID уреди.

Сè што треба да направиш е да го поврзеш посакуваниот IQOS уред со апликацијата. За поврзување со компјутер ти е потребен USB-кабел, додека на Андроид апликацијата има можност за поврзување преку Bluetooth.

Сепак, функционалностите преку Bluetooth конекцијата се ограничени, затоа ти препорачуваме твојот Андорид да го поврзеш со кабел со соодветен USB конектор (на пр. кабелот што го добиваш при купување на било кој од IQOS уредите).



Биди во тек со новостите и уживај во придобивките кои ги нуди оваа апликација. Нурни во свет каде што твоето искуство со IQOS е уникатно и оригинално како и самиот ти.

Превземи и уживај
Твој IQOS

Најнови новости

Осветли го почетокот на новата година со IQOS
Прочитајте повеќе
Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе