26/12/2023

Која е разликата помеѓу новата технологија на Индукциско загревање и HeatControl™ технологијата?

Која е разликата помеѓу новата технологија на Индукциско загревање™ и HeatControl™ технологијата?

Сите IQOS уреди го загреваат тутунот без да го согоруваат. Резултатот? Искуство на користење тутун без оган, пепел и чад во споредба со цигарите.

Најновите уреди за загревање тутун IQOS, IQOS ILUMA, беа лансирани во Јапонија во 2021 година, по што овие уреди беа лансирани на други пазари ширум светот. Оваа серија на IQOS уреди се карактеризира со иновативна технологија која се разликува од технологијата што ја користеа претходните генерации на IQOS уреди.

Која е технологијата зад IQOS ILUMA уредите?

Секој уред од серијата IQOS ILUMA доаѓа со револуционерната технологија на Индукциско загревање™. Овие уреди немаат грејно сечило, наместо тоа, се користат со патрони за тутун специјално дизајнирани за IQOS ILUMA уредите, а со помош на индукциско греење, тутунот се загрева одвнатре - без да се согорува и без потреба да се чисти. На овој начин,IQOS ILUMA уредите им обезбедуваат на возрасните пушачи алтернатива на континуираното пушење без чад и остатоци од тутун, но со подобрено испуштање и повеќе тутунска пареа. Резултатот е - нема потреба од чистење на уредот. Никогаш.

Како се разликува технологијата на Индукциско загревање™ од IQOS HeatControl™ технологијата?

Сите производи за загревање на тутун имаат извор на топлина, а точната температура на која се загрева тутунот варира од производ до производ. Она што е важно за ваквите уреди е дека не го загреваат тутунот на високи температури што ќе почне да гори.

За разлика од IQOS ILUMA уредите, IQOS ORIGINALS DUO и IQOS 3 DUO уредите имаат сечило во внатрешноста и го загреваат тутунот на значително пониска температура од цигарата. Благодарение на патентираната IQOS HeatControl™ технологија, овие уреди го загреваат тутунот користејќи сечило што го пробива патронот за тутун и го загрева однатре. Така се произведува аеросолот кој содржи никотин, но без согорување на тутунот.

Додека пак, новата технологија го загрева тутунот благодарение на грејниот елемент внатре во самиот патрон, обложен со не'рѓосувачки челик.

IQOS ILUMA™ уредите се користат исклучиво со посебно дизајнирани патрони. Не ги користи IQOS ILUMA™ уредите со патрони наменети за претходните IQOS генерации.

Погледни важни информации.

Поврзани статии:

Најнови новости

Моќта на иновативниот дизајн на овогодинешниот Milano Design Week
Прочитајте повеќе
Сѐ што (не) знаеш за кафето
Прочитајте повеќе
Твојот IQOS ритуал преточен низ шолја кафе
Прочитајте повеќе
Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Прочитајте повеќе