Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
27/03/2024
Модата е секогаш актуелна тема, а овој март пулсира во Скопје, со епицентар на добро познатиот настан Fashion Weekend Skopje (FWSK)!
Дизајнерите што се прикажуваат на модните настани може секогаш да се менуваат, но едно нешто што никогаш не се менува е посветеноста на гостите со своите аутфити да го нагласат и обележат самиот настан, со своето модно присуство.
Меѓу најголемите трендови надвор од модните писти, кој модните ентузијасти брзо го прифатија е оној познат „streetwear“ и „streetstyle“. Феномен што со сигурност сè повеќе доминира надвор од модните писти.
IQOS, кој годинава повторно ќе биде дел од FWSK, овој пат најавува соработка баш од овој правец на модата: DISCIPLINA - Powered by IQOS, соработка преку која боите на IQOS ILUMA ќе заживеат на модната писта, преку софистицирана streetwear колекција, која ги отсликува двата бренда. Инаку, DISCIPLINA (IS DOING WHAT NEEDS TO BE DONE) е српски бренд за улична мода од Белград, основан во 2016 година. Нивните машки, женски и унисекс колекции се наменети за смели и самоуверени луѓе, додека самиот бренд е удобен, уникатен и кул. 😎
Дали ова звучи како настан создаден за тебе? Дознај како да ја проследиш ревијата DISCIPLINA – Powered by IQOS од првите редови и да го доживееш неочекуваното!
Секако, IQOS не би бил тоа што е без нашите верни корисници, кои постојано нè инспирираат да бидеме подобри во тоа што го правиме и да обезбедиме незаборавно искуство. Следи ги следните чекори, за да имаш можност да бидеш на самата писта, со резервирано место во првиот ред:
Те очекуваме во порака на нашиот Instagram профил, а потоа и на FWSK, каде со сигурност ќе заблескаш со твојот уникатен стил. Доколку ти треба модна инспирација, може да се потетиш на претходните две изданија на FWSK, каде IQOS ги здружи силите со YAMUNA (26-то издание) и AЯMMA (27-мо издание). 🤩
Подготви го твојот омилен аутфит, подготви го и твојот IQOS ILUMA уред и се гледаме на FWSK!