19/06/2024

Неонско доживување во Интермецо

IQOS е секогаш познат по одличните настани, исполнети со возбудливи активности за корисниците, и секако, загарантирана забава, а доколку беше на лансирањето на IQOS ILUMA NEON PURPLE во Intermezzo на 14.06, имаше шанса и да се увериш во тоа.

Низ призма на впечатливите неонски виолетови бои на новата лимитирана едиција IQOS ILUMA NEON PURPLE, ги размрдавме сите сетила на подиумот со музиката на три диџеи кои направија овој настанот да се памети уште долго време.

Диџеј сет на IQOS ILUMA NEON PURPLE настанот во Интермецо

Неонската естетика дојде до израз преку перформансот на девојките со body paint, кои со својата сензуална енергија за време на нивниот денс перформанс ги шармираа присутните.

Перформанс на девојка на ILUMA NEON PURPLE настанот во Интермецо

Секако, еден IQOS Together X настан не би бил тоа што е без тебе, како лојален корисник. Твоето присуство даде максимален придонес за забавата да продолжи во полн ек, преку неонско ослободување на сетилата.

Доколку беше на забавата сигурно ги забележа QR кодовите поставени на масите, а доколку успеа да ги скенираш, тогаш твоето место на ранг-листата за Токио, на IQOS CLUB платформата e обезбедено. Доколку нѐ следиш на социјалните мрежи, или ги читаш нашите блог објави, сигурно веќе знаеш дека секој IQOS корисник може да собира поени преку присуство на настани и учество во активации.

За оние кои сѐ уште не знаат, важно е да потсетиме. Собирањето на IQOS CLUB поени е важно, затоа што, ти како наш IQOS регистриран корисник имаш шанса да бидеш еден од тројцата корисници од нашата земја кои ќе освојат патување во Токио!

IQOS Together X лого на ILUMA NEON PURPLE настанот во Интермецо

Овој настан беше организиран под Together X платформата преку која IQOS корисниците можат да го обликуваат своето IQOS искуство преку истакнување на уникатноста.

Како што ќе растат летните температури, така ќе се вжештува и атмосферата на следните IQOS Together X настани, затоа наполни ги своите батерии и својот IQOS, и очекувај нè наскоро со уште повозбудливи новости и настани!

P.S Одиме во Токио?

Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе