24/06/2024

Посебна енергија и пулсирачка атмосфера: Незаборавна забава за лансирањето на IQOS ILUMA NEON PURPLE

Танчерки со body paint имаа денс перформанс, а музиката на трите DJ сета ја направија атмосферата врвна – неонската забава во Интермецо што се случи на 14.06.2024 беше вистински спектакл кој го означи почетокот на уште едно долго топло лето, исполнето со добра забава.

танчарка со неонски body paint

Преполниот клуб беше дел од официјалното лансирање и запознавање со новата лимитирана едиција на IQOS ILUMA уреди – NEON PURPLE!

клуб Intermezzo Скопје

Од моментот на пристигнување на гостите тие стануваа дел од пулсирачка атмосфера, каде под блескави неонски светла толпата танцуваше на ритамот на музиката создавајќи хипнотизирачки приказ на бои и движења.

Енергичниот сјај создаден од IQOS ILUMA Neon Purple беспрекорно се вклопи во расположението и придонесе за вистински сензационална вечер.

Настанот се случи во склоп на Together X платформата – платформа преку која вие како корисници на IQOS, директно имате шанса да ја обликувате IQOS приказната преку својата уникатност и да придонесете во персонализирањето на своето IQOS искуство.

IQOS Together X платформата

Со посета на настаните и искуствата подготвени од IQOS имате можност да бидете дел од IQOS CLUB и да собирате поени, а со тоа да бидете еден од тројцата корисници од нашата земја кои ќе освојат патување во Токио!

Не пропуштај ја твојата шанса да го доживееш Токио со IQOS Together X!

IQOS ILUMA лимитирана едиција Neon Purple веќе е достапна на сите редовни IQOS продажни места низ земјата. Овој иновативен уред освен што користи SMARTCORE INDUCTION SYSTEM технологија, која претставува најнапредната технологија за загревање на тутун до сега, се одликува и со впечатливи неонски бои и дизајн. Надворешноста на уредот е во елегантна виолетова боја, додека внатрешноста е обоена со силна магента нијанса. Како и кај претходните верзии на ILUMA уреди, нема остатоци од тутун, нема потреба од чистење, што овозможува севкупно подобро и почисто корисничко искуство.

Најнови новости

Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе