24/06/2024

Софистицирани додатоци, смели обувки: 4 работи кои го надополнуваат вашиот стил

Првиот впечаток. Можноста да импресионирате некого на прво видување. Да бидете запаметени лесно. Како би го дефинирале стилот? Вашиот стил всушност комуницира кои сте без да кажете ниту еден збор. Начинот на облекување, вашиот став и самодоверба се само дел од вашиот стил.

Стилот ги претставува сите обележја по кои се разликувате од останатите т.е. она што е препознатливо за вашата визуелна појава. Модата е форма на самоизразување и дозволува вашата личност да блесне преку соодветен избор на елементи. Не ги следете слепо модните трендови, туку од нив одберете го токму она кое најмногу ви одговара на стајлингот.

Кои се четирите компоненти кои треба да ги интегрирате за да создадете изглед кој не е само модерен, туку и уникатно ваш?

1. Безвременски додатоци.

Додатоци кои може да го трансформираат вашиот стил, додаваат посебен шмек и зборуваат за вашата личност.

Класичен софистициран часовник или смело парче накит, пар квалитетни очила за сонце кои додаваат мистерија и привлечност, а го штитат и вашиот вид.

2. Облека која одговара на вашата фигура.

Избегнувајте да носите премногу тесна или премногу широка облека – пронајдете рамнотежа и одберете парчиња кои прилегаат на вашата фигура.

Инвестирајте во квалитетен костум со добар крој, маици и фустани од природни материјали.

3. Карактеристични обувки.

Чевлите играат клучна улога во вашиот целокупен стил. Пар смели потпетици, елегантни мокасини или специфични чизми даваат тон на изгледот.

4. Специфични елементи.

Овие елементи не само што ја надополнуваат вашата облека, туку и ја одразуваат вашата личност и стил.

Одберете монограмска персонализирана чанта или наменски накит. Она што дополнително може да ве издвои од толпата е различноста, а она пак што може да додаде дефиниција во карактерот е прифаќањето на промена и отвореност за иновации. Една иновација од овој тип, наменета за полнолетните пушачи се и IQOS ILUMA уредите. Унапредете го целосниот впечаток кој го оставате со уникатен и смел неонски дизајн, инспириран од енергијата на боите – новиот IQOS ILUMA NEON PURPLE Limited Edition*.

Градењето на стилот и личноста бара време и внимание, но сепак наш совет е секогаш да одбирате елементи со кои вие пред се ќе се чувствувате самоуверено и кои сте сигурни дека одлично ви одговараат. И запомнете, самодовербата, ставот и автентичноста се најважни за секогаш да бидете целосно свои!

*Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.

Најнови новости

Како си поминавме на „Мало Токио” во Casa Bar?
Прочитајте повеќе
Искористи ја специјалната септемвриска понуда
Прочитајте повеќе
Какво неочекувано Together X искуство те чека?
Прочитајте повеќе
Одбројуваме до финалето за Токио
Прочитајте повеќе