08/08/2024

IQOS CLUB – платформа за врвно корисничко искуство

Од неодамна, IQOS корисниците во земјава го добија IQOS CLUB како нова придобивка во нивниот свет без чад. Што претставува овој клуб што ги препознава лојалните корисници и какви поволности нуди, сподели со нас Ѓорѓи Лазаров - Менаџер за корисничко искуство во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

Што претставува IQOS CLUB и како функционира?

Kога зборуваме за клуб на корисници на еден бренд, обично се поврзува со понудите на самиот бренд. Нашата идеја за формирање на клуб на корисници е сосем поинаква бидејќи во центар на внимание ни е да посветиме време за нашите корисници да добијат најдобра можна поддршка и грижа. Самиот факт што тие станале корисницина нашиот бренд зборува за тоа дека го започнале патот кон преминување кон подобри алтерантиви од цигарите, а на тоа патување наша обврска е да им овозможиме пристап до сите релевантни информации и да обезбедиме врвна поддршка, услуга и искуство.

Овој клуб е иновативна дигитална програма за лојалност за да се озбезбеди грижа, како и практично и персонализирано искуство за секој IQOS корисник во државата.

Клубот е направен да биде едноставен, може лесно да се пристапи преку IQOS веб-страницата или директно на страната на IQOS CLUB, секој член може сам да си го следи статусот и да ги разбере придобивките - oткако ќе се најават на својот профил, сите привилегии за нивното ниво се отклучуваат.

Важен аспект на клубот е тоа што членовите не треба да поседуваат никаква физичка членска карта. Придобивките се достапни со еден клик, што значително го олеснува целокупнотото искуство. Секој што има барем еден уред регистриран на своето име може веднаш да се регистрира и да пристапи до клубот.

Што добиваат корисниците доколку станат членови на IQOS CLUB?

Членовите на нашата програма за лојалност може да уживаат во бројни поволности, како што се специјални персонализирани понуди, рана достапност до нови производи од лимитирани едиции, покани за ексклузивни настани, врвна корисничка поддршка и едукативни содржини. Секој член добива статусни поени врз основа на своите активности поврзани со нашиот бренд. Овие статусни поени му овозможуваат одредено ниво во програмата, што носи различни привилегии. Членството има три статусни нивоа - Silver, Gold и Platinum, при што секое ниво отклучува нови уникатни придобивки и вклучува различни специјални понуди, бенефиции и покани за ексклузивни настани.

Една од ексклузивните можности за членовите на IQOS CLUB оваа година е прославувањето на десет години од постоењето на брендот IQOS во Токио. Во рамките на оваа прослава, членовите на клубот имаат можност да собираат статусни поени и да бидат дел од незаборавното искуство на IQOS Together X во Токио. Тројца IQOS корисници со најмногу статусни поени собрани во периодот од 30 мај до 1 септември ќе патуваат на овој ексклузивен настан во Јапонија.

Иако одреден период помина, сè уште има време и многу можности да се освојат поени и да се биде дел од овој уникатен настан. Правилата за учество се утврдени и објавени на IQOS CLUB, но секој корисник може да се информира подетално на нашите продажни локации или да се јави во нашиот контакт центар.

Ѓорѓи Лазаров - Менаџер за корисничко искуство во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп

Како функционираат статусните нивоа и како корисниците можат да отклучат нови поволности?

Статусните нивоа во IQOS CLUB се дизајнирани да отклучуваат нови поволности со напредување во секое повисоко ниво на статус. Како што претходно напоменав програмата има три главни статусни нивоа: Silver, Gold и Platinum, секое со свои уникатни поволности. За да напредуваат до ново ниво на статус, членовите треба да собираат статусни поени. Секој нов корисник веднаш станува Silver член, што значи дека има пристап до основните поволности на клубот.

Gold статусот се достигнува кога членот ќе собере најмалку 150 статусни поени. Ова ниво ги вклучува поволностите од Silver, и вклучува дополнителни поволности.

За најлојалните членови, кои ќе соберат 300 или повеќе статусни поени, достапен е Platinum статусот. Членовите на ова највисоко ниво уживаат во најголем број поволности.

Корисниците можат да собираат и CLUB поени. Какви привилегии носат овие поени?

Освен што можат да собираат статусни поени, корисниците имаат можност да собираат и CLUB поени, кои им овозможуваат пристап до различни типови на ваучери, во зависност од бројот на поени што ги имаат. CLUB поените може да се собира на повеќе начини, и истите се достапни на IQOS CLUB веб страницата.

Членовите имаат широк спектар на можности за искористување на своите CLUB поени кои можат да ги истражат на својот CLUB профил и сами да одлучат како сакаат да ги користат поените и најдобро да ги искористат придобивките од својата лојалност кон брендот.

Кои се плановите и следните чекори за IQOS CLUB?

Веруваме дека во денешното опкружување на зголемена конкуренција, развој на технологии и растечки очекувања на потрошувачите, програмите за лојалност треба постојано да работат напорно за да го подобрат корисничкото искуство и да ги зголемат придобивките за своите членови.

IQOS CLUB ќе продолжи да се развива и прилагодува за да ги следи промените и потребите на корисниците. Планираме да воведуваме нови и возбудливи можности за нашите членови, со цел да ги наградуваме нивната лојалност и ангажираност. Во иднина, ќе се фокусираме на проширување на понудите, подобрување на привилегиите и нови партнерства.

Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе