26/11/2024

IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција

Секој од нас има свој посебен сјај, своја уникатност што нѐ одвојува од останатите. IQOS оваа година обележува деценија на постојан напредок кон свет без чад што кулминираше со најексклузивниот настан на годината - возбудливиот IQOS Together X настан во Токио.

Затоа што секој момент е вреден за споделување, возбудени сме што можеме да ја објавиме соработката на IQOS со светски познатиот DJ Steve Aoki - создавајќи ја лимитираната едиција IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 Year Edition - со цел да го осветли твојот свет.

Партнерството со Аоки не е случајно – неговата енергија, креативност и иновација совршено се вклопуваат во идејата на IQOS. А сега, истата таа енергија е достапна и за тебе со онлајн пред-нарачка на омилените IQOS уреди кои доаѓаат со специјален дизајн.


Направи пред-нарачка и добиј ексклузивен подарок

Ако си љубител на ексклузивноста, сега е вистинскиот момент да го резервираш твојот IQOS ILUMA x Steve Aoki уред. Со пред-нарачка, имаш можност да бидеш меѓу првите што ќе го поседуваат овој специјален уред. Уште подобро, можеш да избереш како ќе го добиеш твојот уред – со приоритетна достава до твојот дом, или да го подигнеш од најблискиот IQOS бутик или IQOS зона дента на официјалното лансирање.

Секако дека имаме изненадување за твојата лојалност. Со секоја пред-нарачка добиваш и ексклузивен подарок од едицијата – платнен несесер со неонски потпис на Steve Aoki. Дополнително, реши го квизот и добиј код за попуст со кој можеш да го нарачаш твојот нов IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 Year Edition

IQOS ILUMA x Steve Aoki лимитирана едиција

IQOS ILUMA X Steve Aoki 10 YEAR EDITION доаѓа во три различни варијанти:

  • IQOS ILUMA ONE X Steve Aoki 10 YEAR EDITION: Додади светлина на твоите моменти со блескави жолти тонови.
    IQOS ILUMA ONE Limited-Edition доаѓа во интензивна жолта боја со елегантен сатенски финиш во црно. Како дополнителен детал, светлечкото „Aoki“ лого што свети во темница го прави уредот уште поуникатен и впечатлив.

  • IQOS ILUMA X Steve Aoki 10 YEAR EDITION: Изрази ја твојата уникатност со совршен спој на суптилна црна и блескава зелена боја.
    IQOS ILUMA Limited-Edition доаѓа во црна обвивка со светлечко „Aoki“ лого кое додава модерен изглед. Внатрешноста е обивена во зелена боја налик на кожа, додека држачот прелиен во двете нијанси е дополнет со впечатливо зелено копче и блескав зелен прстен.

  • IQOS ILUMA PRIME X Steve Aoki 10 YEAR EDITION: Твојата светлина нека блесне со комбинација од елегантна црна боја и впечатливи нијанси на сина боја.
    IQOS ILUMA PRIME Limited-Edition го привлекува вниманието со светлечкото „Aoki“ лого кое свети во темница, поставено на блескав црн монограм. Внатрешноста е спој на драматична црна и неверојатна сина боја. Неговиот држач, се трансформира од длабоко црно во блескаво тиркизно, обложено со сјаен син прстен.

Секој уред од оваа лимитирана серија го носи glow-in-the-dark логото на Steve Aoki, со свои смели неонски бои кои светат во темнина, додавајќи посебен шарм и енергија.

Биди чекор пред сите и направи ја твојата пред-нарачка денес, добиј уникатен подарок и биди дел од оваа јубилејна приказна која зрачи со светлина и стил.


Најнови новости

IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе
Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе
IQOS BLACK FRIDAY понуда која трае!
Прочитајте повеќе