Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
21/02/2025
Со IQOS секој ден е забавен, но некои денови се посебни. Некои денови имаш поголема желба за нешто ново, нешто интересно и спектакуларно, но немаш идеја што е тоа. Не си сигурен каде да одиш, а градот постојано изгледа како да ги нуди истите настани.
Без грижи бидејќи IQOS е тука да ги пронајде и да те одведе на најдобрите случувања оваа недела. Ако си расположен за нешто спектакуларно и сакаш да се дружиш со IQOS, маркирај ги следните датуми за настани каде што луѓето се расположени, атмосферата е на највисоко ниво, а забавата е загарантирана. Време е монотонијата во градот да се разбуди. Дополнително, тимот на IQOS е таму, а со нас секогаш се поминува ТОП.
Еден од најпознатите, најпопуларните и најзабавните локали во Скопје, ЧЕ, овој викенд слави девет години постоење. За нивниот роденден ќе биде супер забавно и со бројни изненадувања. Секако, тимот на IQOS ќе биде, исто така присутен на настанот, па повели на забава за која ќе се зборува.
Настанот е во сабота и ќе трае цел ден. Помини во кое било време, но врати се приквечер кога забавата ќе кулминира и кога, секако, тимот на IQOS ќе биде таму со изненадувања за сите IQOS корисници.
Во недела пак, сите патишта водат во Кавадарци каде најдобриот клуб и кафе бар, Рома, го слави својот роденден. IQOS, исто така, ќе биде дел од овој настан со свои изненадувања, па имаш можност два дена да се дружиш со IQOS.
На овој ден, Кафе Рома ќе има голем број изведувачи и диџеи. Сите знаеме дека Кавадарци е еден од градовите во кои се случуваат најдобрите настани, бидејќи кавадарчани едноставно знаат како да се забавуваат. Забавата започнува во 21 часот.
Нашите добри пријатели од Bonobo постојано изненадуваат. Овој пат, на својата листа спектакуларни настани го имаат нашиот, а светски познат Четкар, кој по настапите ширум САД доаѓа во Скопје на едновечерен настап во Bonobo, а следниот викенд продолжува со настап во Будимпешта.
Забавата почнува во 20 часот со два деиџеи како загревање, а, секако, IQOS нема да ја пропушти можноста да биде дел од вакво друштво. Резервирај го своето место навремено и не пропуштај ваква дружба на првиот ден од Март.