Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
25/02/2025
Промените се дел од животот, но се чини како понекогаш да одолговлекуваме нешто што треба да го направиме веднаш. Ако си полнолетен пушач, сигурно и сам безброј пати си рекол на себеси дека е крајно време да направиш промена и да се префрлиш на IQOS.
Јасно е дека навиките тешко се менуваат и секогаш имаме некаков изговор зошто да не го направиме тоа, но таквото размислување завршува денес. Денес е твојот Ден 1 од промената која ќе ти го трансформира животот.
Менувањето на навиките и правењето една ваква промена е полесно кога ги имаш фактите зад себе. Не е лесно да се скокне во непознатото, но, ако точно знаеш што правиш, сознанието дека го менуваш животот на подобро може да биде вистински двигател.
Еве три факти кои ќе укажат на тоа зошто треба да се префрлиш од пепел и чад на IQOS:
1. IQOS ILUMA ослободува 95% помалку штетни материи во споредба со цигарите*
Кога правиме промена, сакаме да знаеме дека се движиме кон нешто подобро. Ако си полнолетен пушач кој бара подобра алтернатива, IQOS е тука да те поддржи во текот на ова патување, исто како и 28.6 милиони полнолетни корисници на IQOS ширум светот** кои веќе поминаа низ овој процес, па можеби овој предизвик е токму она што ти треба.
IQOS уредите се создадени од тим научници кои успееја да го задржат искуството и емоцијата, но и речиси целосно да се ослободат од негативната страна на горењето на тутунот.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: IQOS ILUMA не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност.
|
* „95% помалку” се однесува на просечните намалувања на нивоата на широкиот спектар од штетни материи (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот на референтната цигара.
**Статус од Февруари 2024 година. Ексклузивни корисници на Heat-Not-Burn програмата кои користат патрони од несогорлив тутун во повеќе од 70% од случаите во последни 7 дена од користење. PMI финансиски податоци или проценки, IQOS корисници панели и PMI истражување на пазарот.
2. Без чад, пепел и без согорување
Голем број истражувања покажале дека она што најмногу им пречи на луѓето кај цигарите се чадот и пепелот кој го создаваат. Технологијата на IQOS е направена да го подобри искуството и за корисниците и за луѓето околу нив.
IQOS уредите го загреваат тутунот, но не го согоруваат. Тоа значи дека не создаваш чад кој ќе им пречи на луѓето околу тебе, ниту треба да се грижиш за пепелта, бидејќи и таа не се создава. Со други зборови, ваквата промена ќе ти овозможи повторно да се дружиш со оние кои отворено ти кажале дека им пречат цигарите.
Прочитај подетално за супериорната SmartCore технологија на IQOS ILUMA и расчисти ги сите дилеми околу работата на уредите.
3. Без употреба на течности
IQOS не користи никакви течности и вештачки ароми, туку вкусот на тутунот е автентичен и оригинален. Кога тоа го имаш на ум, а знаеш и дека се префрлаш на подобра опција, тогаш промената е и полесно да се направи.
Започни ја промената денес. Не чекај утре, понеделник, први во месецот или полна месечина. Колку повеќе изговори се обидуваш да пронајдеш, толку потешко ќе го направиш решавачкиот чекор.
Секој ден можеш да пронајдеш доволно добар повод зошто да започнеш еден нов предизвик, ново искуство и да го разгориш твојот љубопитен дух. Кога ќе завршиш со читање на овој пасус, кликни на копчето подолу, истражи го возбудливиот свет на IQOS и започни ја најважната промена во твојот живот.