Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
14/04/2025
Во современиот свет, дизајнот веќе одамна не се доживува само како форма или естетика. Дизајнот е израз на културата, начинот на живеење и вредностите што ги споделуваме. Особено денес, кога секој производ, простор или предмет што го избираме има потенцијал да раскаже приказна, иновативниот дизајн станува средство за комуникација и поврзување.
Повеќе не се бара само функционалност туку се очекува оригиналност, храброст и идеи кои што нѐ инспирираат. Токму затоа брендовите кои гледаат подалеку од „очигледното”, кои експериментираат и нудат нови перспективи, добиваат сè поголемо внимание и влијание.
Еден таков бренд што последниве децении постојано предизвикува интерес и внимание е италијанското дизајнерско студио Seletti. Основан во 1964 година, брендот денес претставува симбол на неконвенционален пристап во дизајнот како мешавина од поп-арт, хумор и функционалност, која внесува карактер и дух во секојдневните предмети.
Она што го прави Seletti поинаков е во способноста да ги претвори најобичните објекти во уникатни уметнички дела. Преку соработки со уметници и дизајнери од целиот свет, брендот успева да остане свеж, релевантен и пред сè – инспиративен. Од нивите препознатливи Monkey Lamps, па сè до неочекувани парчиња мебел и сервиси, Seletti секогаш нуди нешто што ги предизвикува границите на традиционалниот дизајн.
Иновативниот дизајн не е повеќе луксуз или тренд, туку потреба. Потреба да се изразиме преку деталите, да покажеме кои сме, што нè инспирира и што сакаме да споделиме со светот. Ако модата е она што го облекуваме, тогаш дизајнот е она што го живееме.
Во светот на иновативниот дизајн, секоја година во април се одржува еден од најзначајните настани за дизајн и архитектура во светот – Milano Design Week. Градот Милано станува центар на иновации, идеи и влијателни имиња од различни индустрии – од уметност и мода, до технологија и lifestyle.
Оваа година, од 10 до 12 април, како дел од настанот своето присуство го потврди и брендот IQOS, кој заедно со партнери и соработници од вкупно 17 пазари ширум светот, ја претстави својата најнова креативна платформа – Curious X. Во рамки на овој глобален собир, IQOS ја претстави и новата, возбудлива соработка токму со италијанскиот бренд Seletti.
Нивниот заеднички проект, наречен Sensorium Piazza, претставува нова, дигитално-интерактивна интерпретација на традиционалниот италијански плоштад односно место каде што луѓето се среќаваат, разменуваат идеи и оставаат свој уникатен и личен печат.
Преку звук, визуелни елементи и мириси, инсталацијата понуди целосно сензорно искуство, кое го спои физичкиот и дигиталниот свет. Овој проект е дел од визијата на IQOS да ја истражува креативноста преку соработка со брендови кои размислуваат поинаку и не се плашат од иновација.
Како дел од платформата IQOS Curious X, локалните креативци од нашата земја исто така добија простор да бидат дел од ова глобално патување. Во текот на настанот, во Милано беа присутни и нашите локални соработници – Дредпен и Александра Јанева. Овие две креативни имиња одблиску се запознаа со најновите трендови во светот на дизајнот и донесоа свежа инспирација во нашето локално уметничко опкружување. Дредпен, познат по својот уникатен стил, беше присутен како првиот креативен соработник на IQOS Curious X, додека пејачката Александра Јанева ја продолжи инспирирацијата со својот магичен глас на локалната музичка сцена.
Преку оваа размена на идеи и искуства, инспирацијата од Милано ќе продолжи да живее и во нашата земја, со нови проекти, креации и соработки што ќе ги следат вредностите на храбриот, отворен и автентичен израз.
Доколку си полнолетен пушач или IQOS корисник, а сакаш да дознаеш повеќе за Curious X и за тоа како изгледа кога дизајнот и технологијата се среќаваат во една приказна?
Следи ги новостите на mk.iqos и откриј што значи навистина да се дизајнира надвор од границите на очекуваното.