27/06/2025

Запознајте ја најновата функција на IQOS ILUMA i: Екран на допир

Новите IQOS ILUMA i PRIME и IQOS ILUMA i доаѓаат со повеќе нови функционалности меѓу кои е и екранот на допир. Оваа можност на нашите корисници ќе им понуди сосема ново искуство во користењето на уредите.

Во овој текст зборуваме за екранот на допир и како тој функционира. Продолжи со читање ако сакаш да знаеш повеќе за неговите можности.

допир

Како функционира екранот на допир на новите IQOS ILUMA i?

Екранот на допир, како што може да се забележи и на фотографијата погоре, има кружна форма и се наоѓа на самиот држач. Направен да понуди максимално интуитивно користење, екранот нуди повеќе функции, а истовремено укажува и на работата на самиот уред.

Главните информации кои екранот ги прикажува се:

  • Статусот на загревање
  • Преостанато време од искуството
  • Колку последователни консумации се достапни пред следното полнење
  • Симболи за пауза, статус на батеријата и друго

Екранот функционира така што реагира на допирот на прст на корисникот, слично како што функционираат паметните часовници. Едноставно допирање на екранот вклучува некоја од неговите опции.

На пример, кога уредот е во мирување, тој ќе прикаже прстенест круг кој укажува на подготвеноста да го користиш. При само еден допир со прстот, екранот се активира и прикажува неколку информации, како режим на работа и статус на батеријата.

Уште една функционалност која се активира директно со допир е менување на осветленоста на екранот. Не секогаш уживаме во екстремна осветленост, а понекогаш, на дневна светлина, може да не се забележи добро кои се симболите, па со пет брзи и последователни допири можеш да го смениш нивото на осветленост. Исто така, оваа функција, како и многу други, може да се активира преку IQOS апликацијата која доаѓа наскоро.

Важно е да се напомене дека екранот на допир е едноставен и лесен за употреба бидејќи ги покажува токму оние информации кои ви се потребни во моментот и не те преоптоварува со збунувачки менија, бескрајно пребарување низ него и слично.

Активирање на функции и следење преку екранот на допир

Иако некои од функционалностите на новите IQOS ILUMA i не се активираат директно со допир на екранот, тие индиректно се прикажуваат на истиот откако ќе ги активирате на поинаков начин, на пример, преку IQOS апликацијата која доаѓа наскоро.

Опцијата за паузирање Pause Mode се активира така што корисникот треба да повлече со прстот надолу по екранот, а за да ја прекине паузата, да го стори истото нагоре. Паузата е возможна во првите три минути или осум последувателни консумации. При тоа, на екранот се појавува симболот за пауза (II).

Од друга страна, функцијата FLEXBattery се активира преку IQOS апликацијата која, пак, веднаш по активацијата се покажува на екранот.

Екранот на допир е интуитивен, модерен и интелигентен. Тој е создаден за да ги задоволи модерните потреби на корисниците, но со задржување на едноставноста при неговото користење, што е прецизна комбинација од практичност и корисничко искуство.

Новите IQOS ILUMA i заедно со своите нови функционалности, како FLEXBattery, опцијата за паузирање и, секако, екранот на допир, им нудат на своите корисници едно целосно ново искуство и откривање на нов IQOS свет.

За сите нејаснотии или предизвици кои можеби ги имаш со новите IQOS ILUMA i уреди, посети ја нашата страница со често постувани прашања или службата за корисници и откриј ги сите можности кои твојот нов уред ги оседува.

Најнови новости

Спектакуларно претставување на новите IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Како работи опцијата за паузирање на новите IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Што е и како работи FLEXBattery функцијата на IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Охрид e подготвен за љубопитно лето
Прочитајте повеќе