Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
30/04/2025
За да изградиме иднина, клучно е да знаеме од каде доаѓаме и да ја познаваме традицијата на нашите предци. Македонската традиција е исклучително богата во својата уметност, музика и дизајни кои ги користиме со милениуми.
Инспирирани од минатото, во IQOS создадовме платформа која што ќе ја поврзе традицијата со модерното. Место каде што ќе ја разбудиме љубопитноста на IQOS корисниците и ќе ја поттикнеме трансформацијата која на сите ни е повеќе од потребна.
Платформата е Curious X и е наменета за сите оние што се љубопитни и коишто сакаат да истражуваат. Сакаш да знаеш повеќе?
Curious X е платформа која го редефинира традиционалното и го претвара во модерно, исто како што IQOS ги редефинира твоите ритуали.
Со таа идеја, започнуваме со серија трансформации во три различни области - дизајн, музика и уметност. Токму затоа одлучивме да соработуваме со три различни артисти кои се одлични во својата област и она што го работат.
Започнуваме со оживување на традицијата преку дизајните на Dreadpen, познатиот македонски уметник кој веќе подготви серија дизајни инспирирани од традиционалните македонски везови, кои ќе ги прилагоди на модерните текови. Но, за целосен успех, потребна ни е твојата помош.
Два дизајни се во финалниот избор на Dreadpen за кои можеш да гласаш. Одбери го оној што најмногу ти се допаѓа и биди дел од изборот кој ќе го збогати македонското уметничко небо. Дизајнот што ќе го одбереш ќе се најде на разновидни производи потпишани од уметникот.
Дали ќе бидат тоа дизајнерски патики за омилениот фестивал, фенси маичка за жешките летни денови или милјенце што ќе стои на телевизорот кај баба и дедо – отанува да видиш каков „merch“ Dreadpen ќе подготви кога времето ќе дојде за тоа.
Гласај на самата платформа така што првенствено ќе се регистрираш со својот телефонски број, а потоа ќе го одбереш дизајнот кој повеќе ти се допаѓа – Традиционалните мотиви од Мариовскиот регион или оној од Скопска Црна Гора.
По оставањето на својот контакт на формата за регистрација на страницата Curious X и по гласањето за омилениот дизајн, добиваш можност да отклучиш награда во IQOS CLUB, а информации за оваа можност ќе ти пристигнат на вибер или смс на твојот телефонски број со кој се регистрираше. Во IQOS CLUB со неколку интерактивни чекори те очекуваат бројни придобивки.
Додека трае гласањето на страницата на Curious X, на инстаграм е активен предизвик. Искоментирај под објавата што ја буди твојата љубопитност и не пропуштај можност да бидеш меѓу тројца случајно избрани IQOS корисници кои ќе добијат уникатно парче во соработка со IQOS и Dreadpen.
A што ќе се случува во Casa Bar? На 1ви мај местото на случувањата е токму овој IQOS Space, каде официјално ќе ја претставиме соработката со Dreadpen. Бројни изненадувања, многу дружба со целата IQOS заедница, како и со самиот Dreadpen. Дојди и провери што ти подготвивме, сè што ти треба е позитивно расположение.
Curious?
Твој IQOS.