29/05/2025

Кога традицијата ќе се сретне со уметноста на новото време

По повеќе од месец и половина креативно патување, активно гласање, инспирација и љубопитност, Curious X платформата зад која стои IQOS, го подготвува своето прво големо финале во полето на дизајнот. На 31 мај, во добро познатиот IQOS Space – Кино Карпош, ќе се случи она што многумина го очекуваа - претставување на победничкиот редизајн инспириран од македонскиот вез преточен во смел, модерен визуелен јазик кој зборува со новата генерација.

Curious X

Оваа иницијатива, родена од желбата да се оживее културното наследство на еден сосема нов начин, беше реализирана во соработка со локалниот уметник Dreadpen – познат по својот уникатен графички стил и урбан визуелен израз. На IQOS веб страницата и IQOS CLUB заедницата, во последниот месец ипол, корисниците имаа можност да гласаат за еден од двата редизајни инспирирани од традиционалните везови од Мариово и Скопска Црна Гора.

Што да очекуваш на 31 мај на „Пикник у паркче”?

На локација која веќе е синоним за добри петочни попладниња – Кино Карпош, од 12:00 до 17:00 часот, под Curious X платформата ќе биде официјално претставен победничкиот дизајн преку лимитираната IQOS x Dreadpen колекција, која вклучува маици, tote bags, чорапи и други уникатни парчиња, достапни за оние кои сакаат да бидат дел од ова креативно патување.

Curious X гласање

Ако си дел од оние кои учествуваа во Curious X активностите и ја освои главната награда преку IQOS CLUB – токму тука ќе можеш да ја подигнеш својата лимитирана колекција VEZ RE:Imagined. Но, дури и ако не си меѓу добитниците, Curious X има нова шанса за тебе, преку нови изненадувања до можност да освоиш дел од лимитираната колекција на самиот настан.

Истиот ќе биде и прилика за запознавање со Dreadpen, како и за персонализација на сопствениот IQOS уред со негова лична креација. За атмосферата да биде уште повпечатлива ќе можеш да уживаш во специјално уредниот chill корнер за одмор и дружење, со зона за фотографирање и креативно документирање на твојот омилен момент, па сè до освежителни пијалаци и сочни бургери од Јојо’s.

Dreadpen дизајн

А музика?

Настанот ќе биде збогатен со музички настап на акустичното поп дуо Duper, како и DJ сет кој ќе ја заокружи оваа уникатна атмосфера. IQOS бренд амбасадорите ќе бидат тука за да те водат низ приказната зад дизајните, да ти ја раскажат целата идеја зад Curious X и да го претстават новиот начин на доживување на културното наследство.

Ѝ тоа не е сѐ! Ова е само почетокот...

Настанот претставува само прва фаза од соработката меѓу IQOS Curious X и истакнати македонски уметници. Соработката со Dreadpen е првата трансформација од многуте што следуваат.

Затоа, остани љубопитен, следи нè на Instagram и mk.iqos и очекувај нови приказни кои ќе продолжат да ја редефинираат врската помеѓу традицијата и современиот дизајн.

Најнови новости

IQOS отвора нова зона во новиот Охрид Мол
Прочитајте повеќе
Финализирање на традиционалниот вез со Dreadpen
Прочитајте повеќе
СПЕЦИЈАЛНА ОНЛАЈН ПОНУДА
Прочитајте повеќе
Откриј го Curious X - нова димензија на дизајн, музика и уметност со IQOS
Прочитајте повеќе