13/06/2025

Сетилна симфонија во урбано темпо

Интерактивно искуство со молекуларна гастрономија, сензуална музика, специјални изненадувања и откривање на новитет се на агендата на претстојната IQOS дружба, која гарантирано ќе ви ги стимулира сите сетила.

На 14 јуни (сабота), од 12 до 15 часот во East Gate Mall ве очекува Curious настан кој ќе го паметите по разбудени емоции и сетилни спомени.

Ќе зачекорите во еден микрокосмос во кој сè е прецизно селектирано со намера да ве оттргне од очигледното и да ве поведе онаму каде што сетилата престануваат да бидат само алатки за преживување, туку стануваат детектори и водилки за нови доживувања.

IQOS space

Во раката ќе ви се најде пијалак кој ќе изгледа како еликсир, дестилирана поезија во форма на коктел, а погледот ќе ви го мамат закуски кои ќе резултираат со неочекувана експлозија на текстури и ароми низ устата. Имено, кулинарските волшебници од Les Scientists пред очите на присутните ќе ја оживеат магијата на молекуларната гастрономија, па секој залак или голтка ќе бидат како разоткривање на мала тајна.

Воздухот ќе трепери од звуци на внимателно курирана музика, како уште едно парче од мозаикот за комплетно сензуално искуство.

Премиум подарокот – креирано вино – нема да ви биде само сувенир, туку ќе го продолжува доживувањето, бидејќи ќе го понесете со себе и ќе ви ги засилува сензациите, дури и откако ќе се изгаснат светлата.

IQOS space

Дополнително ќе освоите и статусни поени, односно секој што ќе го посети IQOS бутикот ќе добие 10 поени, што е симболичен, но вреден придонес кон вашиот статус и идни привилегии во рамките на IQOS CLUB.

Настанот е наменет за IQOS корисници и полнолетни потрошувачи кои се заинтересирани за светот на IQOS, сите оние што секогаш сакаат повеќе и копнеат да го почувствуваат првиот бран на она што допрва доаѓа.

Дали ќе бидете таму кога ќе биде откриено и нешто поинакво, но во добро познат стил? Не можеме да обелодениме повеќе детали, но веќе насетувате дека станува збор за нешто специјално, нели?

Најнови новости

IQOS vera vazhdon: Lubanishtë, shihemi nga 28 deri më 31 gusht
Прочитајте повеќе
Rekomandoni dhe merrni - tani përfitime shtesë
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе
Përgatituni për verën IQOS në Ohër
Прочитајте повеќе