Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
18/06/2025
Летото во Охрид е една посебна приказна. Не само поради езерото, старите улички со калдрма или погледите што секогаш одземаат здив, туку поради начинот на кој градот ги доживува работите. Тука сè добива поинаков ритам. И најобичниот ден може да те изненади со нешто ново, со некое сензорно искуство или случување што ќе го паметиш.
На 21 јуни, само еден ден пред официјалниот старт на летото, во Ohrid Mall ќе се случува нешто што ќе ја разбуди твојата љубопитност. IQOS зоната во Ohrid Mall ќе биде домаќин на Curious настан, наменет за сите IQOS корисници и полнолетни потрошувачи што сакаат нешто повеќе и поинакво.
Во периодот од 12 до 15 часот, атмосферата во IQOS зоната ќе биде исполнета со доза на уметност, инспирација и леснотија што ја носи секое охридско лето. На овој настан ќе уживаш во сетилно искуство кои ќе поттикне да уживаш во моментот.
Секако дека ќе има и коктел катче од лесни, освежувачки и овошни комбинации, што ќе те освои уште пред да го вкусиш. Како дополнителен поттик, оние кои ќе дојдат први ќе имаат можност да добијат премиум маичка со специјално изработен мурал инспириран од духот, боите и шармот на Охрид. Бидете брзи затоа што количините се ограничени.
Curious настанот е потсетник дека уживањето во неочекуваните моменти е она што го прави летото толку посебно. Можеби баш овој петок ќе ти биде новата причина летото да го почнеш поинаку. Во свој стил и доза љубопитност.
Ве очекуваме на попладневна дружба во IQOS зоната во новотоотворениот Ohrid Mall.