16/07/2025

Фестивалската возбуда кулминираше во Штип

Изминатиот викенд, Штип беше центарот на Македонија бидејќи таму се одржуваше овогодинешното издание на Д Фестивал. IQOS е редовен учесник на овој фестивал, а оваа година може слободно да се каже дека нашите IQOS активности дадоа дополнителен шмек.

Фестивалот се одржуваше на повеќе локации ширум градот, а на главниот настан, на две бини посетителите имаа можност да се забавуваат непрекинато. Веднаш до Curious X Main Stage, односно го главната бина беше и нашата IQOS VIP зона.

D festival

За време на фестивалот – IQOS присутен на повеќе локации

За време на фестивалот во Штип, IQOS можеше да се најде на повеќе различни локации, а нашите активности речиси постојано ги изненадуваа корисниците и посетителите. Покрај главната VIP зона која беше веднаш до Curious X бината и каде имавме голем број различни активности, имавме значително присуство и се забавувавме во Coffee Lab IQOS Space во штипскиот City Mall.

До почетокот на секој од трите фестивалски денови кои започнуваа од 18 часот, забавата се случуваше во Coffee Lab, каде корисниците имаа интригантен предизвик и се обидуваа да го пронајдат Curious X логото, кое беше скриено некаде во локалот. Оние кои успешно го сторија тоа, добија целосно нови IQOS ILUMA i уреди како и алки за пристап во IQOS VIP зоната, каде голем дел од IQOS заедницата беше собрана на едно место, се забавуваше и ги пееше хитовите на бендовите што настапуваа.

IQOS VIP зона за ултимативно Д Фестивал искуство

Сите посетители на нашата IQOS VIP зона имаа можност да се забавуваат речиси со директен пристап до бината. Имајќи предвид дека IQOS VIP зоната го имаше најдобриот поглед кон Curious X бината, нашите корисници можеа одблизу да уживаат во настапите на изведувачите.

Дополнително, нашите бренд амбасадорки несебично ги споделуваа сите информации околу новите IQOS ILUMA i, но и останатите производи од целото IQOS портфолио, а ги воведоа заинтересираните во двете активности кои беа особено интересни за посетителите - Photo Booth и DJ Booth, односно место каде што корисниците можеа сами да креираат музика на адаптиран „семплер“, но и да ги преслушаат композициите кои се активни во Curious X кампањата и да гласаат за својот фаворит. Гласањето сè уште трае, па доколку не си гласал, стори го тоа што поскоро.

Плејада на изведувачи со одлични настапи

Иако на 15-то издание на Д Фестивал имаше голем број прославени и феноменални изведувачи, титулата најдобар, како и многупати до сега на Д Фестивал може слободно да ја доделиме на Кирил Џајковски со својот впечатлив бенд кои и овој пат направија забава за паметење.

За искуството да биде целосно, IQOS за време на неговиот настап подготви изненадување со што меѓу публиката полетаа голем број тиркизни балон топки за уште позасилена атмосфера, истите се одбиваа од публиката додека ритамот на музиката успеа да ги натера сите да играат и да се забавуваат.

Нашиот целосен впечаток е дека публиката на Д Фестивал оваа година која дојде во огромен број го доби настанот којшто го заслужува благодарение на одличната организација, феноменалните изведувачи, но и на активностите кои ги приреди IQOS.

Ова лето нè очекуваат уште настани со IQOS. Доколку сте љубопитни, следете нè и на Инстаграм за први да дознаете каде може да нè пронајдете.

D festival D festival D festival

Најнови новости

Која е разликата меѓу IQOS ILUMA i и претходните верзии на IQOS
Прочитајте повеќе
Спектакуларно претставување на новите IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Како работи опцијата за паузирање на новите IQOS ILUMA i
Прочитајте повеќе
Запознајте ја најновата функција на IQOS ILUMA i: Екран на допир
Прочитајте повеќе