20/08/2025

Урбано лето во поинаков ритам

Охрид и Струга се симбол на идиличен летен одмор покрај езеро, а годинава пулсираат со нова енергија и поинаков ритам. Сезоната 2025 е збогатена со програма на четири локации која го освежува класичното летување со нова димензија.

Од викенд журки под сонце, преку кино вечери на отворено, па сè до жив ноќен живот на пристаништето, Охрид и Струга ја редефинираат сликата за лето покрај езеро. Новите содржини се атрактивни за сите што сакаат да го спојат одморот со урбан стил и да доживеат моменти што се паметат.

А еве ги „жешките точки“ кои ја креираат новата урбана мапа на Охрид и Струга:

1. Park Golden Beach за забава под сонцето

Park Golden Beach е епицентар на позитивна енергија. Секоја сабота популарната плажа станува сцена за настани со музика и изненадувања, па секоја посета гарантира ново искуство.

2. Versus Beach Bar за неделно уживање

Versus Beach Bar во Струга спојува бохо естетика и опуштена атмосфера со урбани ритми. Секоја недела тука можете да уживате во пријатна музика, топол амбиент и дружби покрај езерото. Барот е идеална дестинација за „затворање“ на викендот.

3. SU Restaurant & Bar за кино под ѕвездите

Секој вторник SU Restaurant & Bar во Охрид нуди проекции на филмови на отворено. На лежалки покрај езерото, со филмско платно под ѕвездите, добивате комбинација од култура и релаксација. Програмата вклучува внимателно избрани македонски и странски филмови.

4. The HarbouR Club за незаборавна ноќна забава

На охридското пристаниште, The HarbouR Club е местото каде што забавата продолжува по зајдисонце. Со ексклузивни журки, тематски настани и незаборавни моменти, клубот нуди вистинско урбано летно искуство. Подгответе се за лето исполнето со ритам, светла и атмосфера која го дефинира вистинскиот дух на Охрид.

Застанувајќи зад сите овие настани, IQOS преку Curious for the Summer ги засилува магичните летни вибрации во езерските Охрид и Струга, спојувајќи ја културата, уметноста и новите технологии. IQOS подготви вистинско летно искуство што не смее да се пропушти, па очекувајте креативност, возбуда и чувство дека сте на вистинското место во вистинското време.

Вистинското летно искуство е токму пред вас. Следете ги @iqos_mk за сите детали и бидете дел од приказната!

Најнови новости

IQOS лето продолжува: Љубаништа, се гледаме од 28 до 31 август
Прочитајте повеќе
Препорачај и добиј - сега со екстра придобивки
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе
Подготви се за IQOS лето во Охрид
Прочитајте повеќе