02/09/2025

Curious X интервју со Александра Јанева

Curious X го создадовме како проект кој ја буди љубопитноста и ја носи енергијата на младината, но е инспириран од традицијата и минатото. Како дел од Во склоп на музичкиот дел на Curious X, Александра Јанева имаше можност да преработи и „оживее“ една стара евергрин нумера.

IQOS најдобро покажа што значи редефинирање на традиционалното, а со Curious X, овозможи познатите македонски уметности во областа на дизајнот и музиката да го сторат истото во своите полиња. Проектот кој започна во мај, до сега на најдобар начин ја разбранува македонската уметничка сцена.

Со помош на публиката која гласаше на платформата Curious X, Јанева ја преработи познатата песна на Даниела Панчетовиќ – Ми подаваш рака. За искуството при снимањето, целиот проект и личното искуство при работата на Curious X, зборуваме токму со Александра Јанева.

Во продолжение, целото интервју со пејачката:

Јанева

Кое е твоето прво сеќавање кога ги слушна овие евергрини?

Родена сум многу по нивното златно време, но токму тоа ја разбуди мојата љубопитност.

Кога прв пат ги слушнав како дете не ги разбирав целосно, но имаше нешто во тие мелодии што веднаш ми се всадија во срце.

Подоцна, кога пораснав и се вратив на тие песни со „посозреан слух“, сфатив дека носат неверојатна емоција и вистинска музичка длабочина.

Како одлучи кои песни да ги преработиш?

Ова беше инстинктивен процес воден од љубопитност.

Немав јасна листа – повеќе слушав, истражував, и се прашував: „А што ако оваа песна ја преработиме со денешна продукција и да добие нов модерен звук? Како би звучела ако некој ја слушне првпат денес?“

Ги потпевнував и сфаќав дека со мојот глас звучат поинаку. Почнав за различни песни да замислувам, па да експериментирам и на крајот бев решена да ги редефинирам и оживеам.

Што те инспирираше да ги преработиш овие евергрини?

Moжеби тоа е мојата љубопитност; да знам како би звучеле песните од денешна перспектива, во ново време; можеби ако им се даде некој jazzy feeling, или пак R&B бит на R&B, или пак малку диско пулс. Баш таа љубопитност допринесе многу во овој проект.

Може ли да ни кажеш повеќе околу платформата Curious X ?

Ми беше огромна чест што под Curious X, заедно со IQOS, успеавме да ја донесеме оваа идеја во живот.

Традиционалното секогаш било дел од мојата инспирација, но преку оваа платформа имавме можност да му дадеме модерен израз. Така се роди и мојата RE:Imagined верзија на еден евергрин, и исклучително ми е мило што можев да бидам дел од ваков проект.

Дали беше тежок процесот на преработка?

Преработка на македонски евергрини воопшто не е лесна работа! Морам да признаам дека беше навистина предизвикувачка задача.

Мораш да го почитуваш оригиналот, а сепак да внесеш своја енергија и стил.

Понекогаш е предизвикувачки, понекогаш е чиста радост и те удира на емоција; гледаш како секој инструмент, секој глас и секоја нота се вклопуваат за да создадат нешто магично.

Двете песни се навистина убави, секоја на свој начин, ама најискрено, потајно гласав за **Ми подаваш рака** Навистина сум благодарна на сите вас кои гласавте и се потрудивте овој евергрин да добие нова облека и шарм.

Која е разликата помеѓу оригиналот и твојата интерпретација?

Сакавме да направиме еден мост меѓу минатото и сегашноста; да се задржат оние главни емотивни црти од оригиналната песна, но и да се даде еден нов свеж звук кој што ќе придонесе овој звук да заживее и во нашето време.

Даниела Панчетовиќ ја пееше со една топлина и искреност која е типична за тоа време, за 70-тите, а особено за нејзиниот стил. Даниела знаеше како да ја пренесе емоцијата директно во срцето на слушателот.

Моја цел беше таа суштина да ја задржам, но и да ѝ дадам и нова енергија. Ја облеков во поинакво руво, со современ и сопствен аранжман, ритам и динамика што ќе ја доближат до новата генерација.

Како успеваш да ја зачуваш оригиналната суштина и душа на песната, а сепак да ја направиш своја?

Секогаш ме води почитта и восхитот кон оригиналната песна. Прво сакам да ја разберам пораката на песната и емоцијата што ја буди.

Потоа си велам: „Што би се случило ако на оваа песна и дадеш поинаква интерпретација во поинаков аранжман, но ја задржиш истата емоција и порака?“

Така и настапувам – со љубопитност да се доближам до суштината, но и со храброст да ѝ додадам свој глас, свој звук, свои гледишта.

Какво беше чувството да работиш со музичарите на овој проект?

Тоа се врвни професионалци кои се подготвени да излезат надвор од рамката. Сите заедно имавме задоволство да работиме на нешто вакво бидејќи дава можност за креативност и распламтување на имагинацијата.

Не секој момент одевме по планот, но токму тоа доведе до неочекувано добри резултати.

Имаше ли момент во студио кога знаеше дека сте создале нешто навистина посебно?

Нема да излажам ако кажам да, имаше момент. Кога ја отпеав последната строфа и кога сите звуци исчезнаа – настапи оној миг во кој едноставно знаеш дека се случило нешто феноменално.

Едноставно во воздухот имаше едно чувство дека токму тогаш се роди нешто посебно. Сите таму го почувствувавме тоа во истиот миг.

Ако можеш да го посветиш овој проект на една личност, на кого би било тоа и зошто?

Би го посветила на мојата мајка. Таа е личноста што ме запозна со овие песни. Заедно сме ги слушале, таа ми ги пеела кога бев мала. Нејзината љубов кон музиката и нејзината емотивност ми беа огромна инспирација.

Исто така и на мојата публика и оние кои гласаа бидејќи тие се вистинската причина зошто го направивме сето ова. Им благодарам на сите и сакам да знаат дека секој еден што гласаше е вплотен во креирањето на оваа песна.

Што сакаш луѓето да почувствуваат кога ќе ги слушнат твоите верзии на овие класици?

Сакам да почувствуваат носталгија и возбуда во исто време. Да се сетат на минатото и да видат каква прекрасна музика сме имале совоевремено, но и да ги поврзат тие времиња со овие денес. Можеби многу работи се сменети, но не и љубовта – таа е неменлива константа.

Можам да кажам и дека сакам песните од тоа време да останат свежи. Пребргу ги имаме турнато во заборав. Сакам слушателите да ја осетат почитта кон оригиналот, но и мојата желба да дадам нова животна искра на песната.

Кој е најдобриот дел за тебе од ова искуство?

Мислам дека најдоброто допрва следува! Тогаш кога ќе се промовира песната и сите ќе може да видат што сме направиле!

Најнови новости

IQOS лето продолжува: Љубаништа, се гледаме од 28 до 31 август
Прочитајте повеќе
Како изгледа едно љубопитно лето?
Прочитајте повеќе
Препорачај и добиј - сега со екстра придобивки
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе