08/10/2025

Италијанската естетика што го спојува луксузот и авангардната слобода

Кога ќе помислите на Италија, природно се јавуваат асоцијации на стил, добар вкус и смел дизајн. Зад еден од најинтересните интернационални брендови во светот на современиот ентериер постои приказна која започнува скромно на локалните пазари во еден мал град во Северна Италија. Време е да се запознаете со приказната на Seletti, бренд кој денес го препознаваат љубителите на уметност, авангардност и дизајн ширум светот.

Кој е Seletti?

Компанијата е основана во 1964 година од страна на Романо Селети во Cicognara, Mantova. Првично се занимавала со увоз и продажба на едноставни предмети за секојдневниот живот, достапни за сите. Сè се менува кога неговиот син, Stefano Seletti, уште на 17-годишна возраст влегува во семејниот бизнис. Со визија која ги надминува тогашните пазарни трендови, тој започнува ново поглавје за брендот, претворајќи го во препознатлив играч на светската сцена.

Seletti Каков е стилот на Seletti?

Seletti е познат по тоа што ги руши правилата на „совршениот дом“. Наместо ентериери каде секој детал е совршено усогласен, брендот внесува енергија, иронија и автентичност. Нивните дизајни често се смели, понекогаш провокативни, но секогаш препознатливи. Лампи во форма на животни, садови кои личат на скулптури, мебел кој изгледа како поп-арт уметничко дело, едноставно секое парче е комбинација на уметност и функционалност.

Италијанска естетика со светска привлечност

Seletti е доказ дека италијанската естетика може да биде и класична и авангардна во исто време. Ова е бренд што успева да го спои луксузот со храброста да се биде различен. Во светот на дизајнот каде многумина играат „сигурно”, Seletti се издвојува токму поради тоа што ризикува и создава предмети кои никого не оставаат рамнодушен.

Токму поради оваа уникатна филозофија, Seletti денес е повеќе од само име во светот на дизајнот. Брендот е симбол на автентичност и смелост, инспирација за сите што сакаат нивниот дом да има карактер и да биде одраз на сопствената индивидуалност.

Најнови новости

Нов изглед на IQOS зоната во Skopje City Mall
Прочитајте повеќе
Summer It’s On
Прочитајте повеќе
Нова IQOS специјализирана продавница во Охрид
Прочитајте повеќе