08/05/2026
Во свет каде дизајнот често се консумира брзо и површно, Горан Миќиќ го создава спротивното. Неговиот пристап не е само визуелен туку длабоко личен. Секоја линија има причина, а секоја форма носи значење. Како дел од програмата Curious X на IQOS, Миќиќ ги овековечува своите дизајни надвор од кожата преку дизајнирани парчиња облека кои корисниците можат да ги изберат и вклопат во својот личен стил.
Во ова интервју, зборуваме за инспирацијата, предизвикот и емоцијата позади дизајните Motion и Velocity и што значи кога уметноста добива нова форма.
Тоа е многу специфично чувство. Навикнат сум мојата работа да живее на кожата, како нешто многу лично и трајно. Кога истата таа уметност се префрла на друг медиум, како облека или дигитален формат, тоа за мене е нов предизвик. Одеднаш, делото не е само за една личност, туку станува нешто што повеќе луѓе го гледаат, го избираат и го носат на свој начин. Тоа носи поголема одговорност, но и поголема слобода да раскажеш приказна на поинаков начин.
Motion и Velocity се инспирирани од движење, но не само физичко. За мене тоа е внатрешно движење, промена, енергија што не можеш да ја задржиш. Motion го гледам како тек, нешто што постојано се развива, додека Velocity е интензитетот на тоа движење, моментот кога работите забрзуваат и стануваат посилни.
Инспирацијата дојде од секојдневни моменти, од ритамот на градот, од луѓето, од енергијата што ја чувствуваш околу себе. Сакав да го претворам тоа чувство во визуал што не стои во место, туку има динамика и живот.
Многу е поразлично од класично тетовирање. Кај тетоважата имаш еден клиент и една приказна. Тука имаш публика. Луѓето ќе го видат дизајнот, ќе го почувствуваат и ќе одлучат дали се поврзуваат со него.
Дополнително, самиот процес на гласање носи нова димензија. Тоа значи дека дизајнот мора да комуницира веднаш, да привлече, но и да задржи внимание. За мене тоа беше предизвик да создадам нешто што има длабочина, но и јасна визуелна сила.
Искрено, тоа носи посебна тежина. Кога некој ќе избере дизајн, тој не избира само визуал туку и приказна. А кога тој дизајн ќе се претвори во нешто што луѓето го носат, тогаш станува дел од нивниот идентитет.
За мене, тоа е најголемата вредност. Да создадеш нешто што не останува само уметност, туку станува дел од нечиј секојдневен живот.
Сакам да почувствуваат енергија. Да имаат чувство дека нешто се движи, дека има живот во дизајнот. Не сакам само да им се допадне визуелно, сакам да се препознаат во него.
Ако некој застане, го погледне и почувствува нешто, тогаш знам дека сум ја постигнал целта.
Curious X не е само платформа за дизајн. Тоа е простор каде изборот на заедницата ја обликува финалната форма на уметноста. Сега е моментот кога твојот глас одлучува кои дизајни ќе продолжат понатаму и ќе станат дел од ексклузивна колекција.
Погледни ги дизајните, почувствувај ја приказната и гласај за оној што најмногу те претставува.