Со цел да сме поблиску до Вас, секогаш и од секаде, оваа година сме достапни и на нашата виртуелна продавница - IQOS Виртуелна зона, која е оддалечена само еден клик од Вас.
Како дел од тимот на IQOS Виртуелната зона, од самите почетоци, е и Вероника, која секојдневно е тука да одговори на бројните прашања поврзани со IQOS уредите нудејќи подобро дигитално корисничко искуство.
Токму поради тоа, и нејзината експертиза на оваа тема, одлучивме да поминеме еден работен ден со Вероника.
Како Вероника го започнува работниот ден во IQOS Виртуелната зона?
- Работниот ден во Виртуелната зона секогаш ми започнува со позитивно расположение и насмевка. А потоа почнувам со одговарање на повиците на корисниците на кои често им споделувам презентација во живо за користењето на уредите, аксесоарите за уредите и сите дополнителни важни информации за полесно адаптирање кон нивниот нов ритуал на користење на IQOS.
Какво е чувството да се биде дел од тимот на експерти во IQOS Виртуелната зона?
- Секогаш е чест и задоволство да се биде дел од тимот на IQOS, а посебно дел од тимот во Виртуелната зона. Нашиот тим во IQOS Виртуелната зона се состои од 3 експерти кои функционираат како едно. Благодарна сум што сум дел од тим кој се почитува помеѓу себе и постојано се надоградува.
Кои типови на прашања од корисниците ти се најинтересни?
Откриј ни неколку ????
- Многу често се случува корисниците да го заборават некаде својот IQOS уред, па да прашаат ,, Дали имаат GPS уредите да можеме да ги лоцираме?’’, или пак доста често новите корисници ги збунува изгледот на нашите тутунски патрони, па добиваме прашања од типот ,,Како се толку мали тутунските патрони, а успеваат да ја задоволат мојата никотинска потреба подобро отколку една обична цигара која е многу поголема?”.
Што ќе им препорачаш на корисниците на IQOS уредите, а што на оние кои допрва се „мислат“ да започнат со нивно користење?
- На корисниците на IQOS уредите би им препорачала да нè следат секогаш и од секаде, бидејќи во секое време имаме нешто ново и интересно да им понудиме, а на нашите идни корисници кои сè уште не се одлучиле да започнат со користење на IQOS им препорачувам што побрзо да ја посетат нашата Виртуелна зона за да одговориме на сите нивни прашања и двоумења.
Знаеме дека насловот на ова интервју е поврзан со осумте часа поминати на позицијата на IQOS експерт, но за крај, што прави Вероника во слободното време, кога не одговара на прашањата на IQOS корисниците?
- Да бидам искрена слободното време ми значи премногу и секогаш се обидувам да го искористам најмногу што можам. Сакам да откривам нови работи, ја сакам и природата, па затоа секогаш кога сум во можност барам некое авантуристичко место од нашата земја, каде би можела да ја искористам сета енергија. Воедно, времето поминато со семејството и пријателите ми е доста важно, па секоја прилика од слободното време, каде можам да ги спојам авантурите и најблиските не ја пропуштам.
На Вероника ѝ благодариме за одговорите, а Вие запомнете, IQOS експертите се секогаш тука за Вас на IQOS Виртуелна зона!
Ваш IQOS.