21/10/2021

Нова IQOS зона во Skopje East Gate Mall

Арслан Хајредин, Менаџер за директна продажба на IQOS портфолиото го најавува отворањето на новата зона, нè запознава со подготовките за отворањето и воедно открива повеќе детали за тоа што значи да си дел од IQOS тимот.

1. Иновативниот IQOS уред е достапен на нашиот пазар повеќе од една година. Што претставува IQOS за тебе?

Како Менаџер за директна продажба, одговорен за каналите на комерцијални програми, менаџмент на продажба, инфраструктура, управување со операции и услуги, кој е фокусиран на спроведување на сите програми со цел обезбедување на најдобро корисничко искуство, со повеќегодишно искуство во тимот на Филип Морис, за мене трансформацијата која ја предизвикаа IQOS уредите донесоа огромна промена, како на пазарот, така и во самата компанија.

Предводници сме на една, во најмала рака неочекувана, но навистина позитивна трансформација која ја менува историјата и носи одлични можости за промена. Можности за избирање на алтернатива која носи модифициран ризик, во споредба со продолжување со пушењето. Зборуваме за промена која во својот центар постојано го има потрошувачот, со цел обезбедување на едно навистина сеопфатно, премиум искуство.

Пренесувањето и имплементирањето на IQOS визијата е голем предизвик, но кога ќе погледнам наназад, сè она што сме го надминале за да дојдеме до тука ми дава уште поголема мотивација да продолжиме понатаму, уште подобро.

IQOS во East Gate Mall

2. Нова IQOS зона во најголемиот трговски центар во земјава, како течеа подготовките и кога можеме да го очекуваме официјалното отворање?

Подготовките за нашата најнова зона се во својата финална фаза, таа наскоро ќе биде целосно подготвена и поставена, а отворањето ќе се случува на 29ти октомври, со големото свечено отворање на Skopje East Gate Mall.

Со оглед на тоа што станува збор за навистина голем шопинг центар, подготовката за поставување подразбира координација на голем број нивоа, со повеќе различни тимови и одговорни лица.

Ова ќе биде петта IQOS зона, броејќи ја и нашата IQOS Мобилна зона која беше поставена на неколку локации низ земјата. Присутни сме во сите поголеми трговски центри во главниот град, како и во 8 други градови низ земјата преку нашата мрежа на IQOS партнери. Се разбира, тука е и нашата IQOS Виртуелна зона со нашите искусни IQOS експерти кои нудат онлајн поддршка и се тука да одговорат на сите прашања во врска со нашите уреди и портфолио.

3. Што нуди новата зона и што според тебе е главната предност на непосредна комуникација со потрошувачите, присутна на самите зони?

Новата зона ќе биде уште една одлична можност за интеракција со нашите потрошувачи, каде сите постојни корисници можат да добијат одговор на сите прашања, подобро да се запознаат со светот на IQOS, да добијат бесплатно чистење на уредите и да го персонализираат својот уред. Сите заинтересирани возрасни пушачи кои сè уште не се наши корисници ќе можат да се запознаат одблиску со нашите уреди и со наша поддршка да зачекорат во светот на IQOS.

Секое IQOS искуство е посебно и лично, исто како и секој корисник. Зоните нудат можност за директно запознавање со производите, запознавање на нашите потрошувачи, нивните потреби, кое нам ни носи основа за постојано подобрување. Брендот IQOS во својот центар секогаш го поставува корисникот и во континуитет обезбедува персонализирана поддршка преку употреба на голем број канали кои соодветствуваат со преференците на нашите потрошувачи.

4. За крај што би порачале на сите корисници, но и оние кои сè уште не се одлучиле да направат промена и да одберат подобра алтернатива?

Ги поканувам сите корисници, но и оние кои размислуваат да одберат IQOS, да ја посетат нашата зона на отворањето и со помош на IQOS експертите да се запознаат со брендот. Нашите постојни потрошувачи пак, ќе имаат можност да го продлабочат своето IQOS искуство и знаење.

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе