07/04/2022

Топ 5 прашања поврзани со процесот за нарачка на IQOS

Во претходните текстови дознавме кои се најинтересните прашања од IQOS корисниците и повеќе детали за еден работен ден на агентките, а сега ќе дискутираме за една малку поинаква тема, која често е актуелна кај корисниците.

Овојпат ќе разговараме со Горана, дел од IQOS центарот за корисничка поддршка и ќе дознаеме повеќе за процесот на онлајн нарачување и испорака, од страна на IQOS експертите.

1. На кои начини корисникот може да ги нарача IQOS производите?

Процесот на нарачување на IQOS производите може да биде директно преку веб страницата на IQOS, преку нашата Виртуелна зона каде што продажните експерти ќе направат нарачка во име на корисникот, или пак директно на некоја од нашите IQOS зони и продажни партнери. На корисниците само им останува да ја изберат опцијата која најмногу им одговара во моментот. Секако доколку некој корисник нè повика во контакт центарот и има потреба од дополнителна поддршка околу онлајн нарачката или пак да дознае каде е најблиското продажно место, ние сме тука да помогнеме.

2. Како изгледа процесот на испорака, пред нарачката да стигне на адреса на корисникот?

Без разлика дали нарачката е направена директно преку нашата веб страница или преку јавување во Виртуелната зона, процесот е ист. Се внесуваат информации за корисникот, а потоа за избраната нарачка во системот, по што IQOS експертот кој ќе биде задолжен за испораката ја подигнува нарачката и го контактира корисникот на телефонскиот број кој е оставен за контакт. Секако, времето и местото на средбата за доставување на нарачката се одредува според желбите и потребите на корисникот.

IQOS

3. Дали корисниците знаат дека испораката ја врши наш IQOS експерт или очекуваат да ја добијат пратката по брза пошта?

Добро прашање 😊, со оглед на тоа што во денешно време системот за испорака преку брза пошта е популарен. Секоја IQOS нарачка се доставува преку организиран систем, од страна на IQOS експерт. При самата испорака, IQOS експертот одржува кратка презентација и обука за користење на IQOS производите за полесно прилагодување кон користењето на IQOS, уште од самиот почеток.

4. Дали често добивате прашања во врска со бесплатната испорака на нарачаните уреди?

Секоја нарачка на уред, како и секоја нарачка на производи во вредност над 300 денари има бесплатна испорака и се извршува во рок од 3 работни дена. Доколку се случи да имаме зголемен обем на нарачки или пак, не сме во можност да ја испорачаме во тој рок, нашите корисници секогаш се однапред известени. Секако, нарачката се испорачува до наведената адреса, но постои и опција корисниците да го подигнат уредот кој го нарачале онлајн, на некоја од нашите IQOS зони.

5. И за крај, малку поинакво прашање – На што треба да внимаваат корисниците при одржување и користење на IQOS уредите во текот на ладните, но и топлите денови?

За оптимално искуство и правилно функционирање на уредите, без разлика дали станува збор за зимски или летен период, секогаш го посочуваме следното: оптималната работна температува на уредот треба да биде од 0 до 50 степени целзиусови, односно избегнување на изложување на екстремно високи или ниски температури – како пример за ова може да се наведе да се избегнува оставање на уредот во автомобил подолго време.

Дознавме многу детали за IQOS корисничкиот центар од разговорот со нашите агентки, а сега ни останува само да Ве информираме дека тие се достапни за сите Ваши прашања поврзани со IQOS светот од понеделник до сабота од 09:00 – 21:00ч. и недела од 10:00 – 18:00ч. Контактирај ги директно преку Facebook messenger или на бесплатниот број 080099099.

Ве очекуваат!
Ваш IQOS.

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе