12/05/2022

Чист уред, подобро искуство

Во претходниот текст ги наведовме причините зошто редовното одржување на IQOS уредите е неопходно за долготрајноста и оптималното уживање во истите. Во продолжение ќе дадаме подетален осврт на инструкциите за одржување на IQOS 3 DUO и lil Solid 2.0.

IQOS 3 DUO

IQOS 3 DUO

Пред сè, да напоменеме дека е многу важно уредите да се чистат со оригиналните алатки за чистење - IQOS алатка и стапчиња, а не со импровизирани предмети. Специјализираниот сет за чистење е технички прилагоден за секоја од компонентите на уредот. Предметите по случаен избор можат да предизвикат оштетување на производот.

IQOS 3 DUO cleaning process

Препорачливо е чистењето на уредот после секои 20 употреби. Прво нешто што треба да го направите е да го исклучите држачот за патрони. Во самиот држач е поставен греачот за тутун, затоа треба да почекате барем 30 секунди од последното користење, за греачот потполно да се олади. Потоа го отстранувате капачето и дополнително го протресувате уредот од остатоците од тутун. Проверувате дали алатката за чистење е во добра состојба и истата ја вметнувате во држачот без ротирање, а откако е правилно наместена правите 2-3 полукружни движења. Движењата треба да се нежни, без грубо притискање. Престанувате со вртење и внимателно ја отстранувате алатката за чистење надвор од капачето. Капачето го враќате во првобитната положба. Доколку сè уште немате нарачано оригинална IQOS алатка за чистење направете го тоа на копчето подолу:

За беспрекорно корисничко искуство, пожелно е 2 до 3 пати неделно да го исчистите уредот и со IQOS стапчињата. Постапката е многу слична како и со алатката: држачот се лади 30 секунди после последното користење и се отстранува капачето од држачот. Потоа со едно од стапчињата внимателно ги чистите ѕидовите околу греачот. Откако сте готови со овој дел, го чистите и внатрешниот дел од капачето. Ова го правите со 2-3 нежни кружни движења и потоа го повлекувате стапчето надвор од капачето. Кога сте готови со процесот, капачето го враќате назад на држачот. Немате ни IQOS стапчиња за чистење? Клик на копчето подолу:

За полесна визуализација на целата постапка за правилно чистење, проверете го и видеото.

lil SOLID 2.0

lil Solid 2.0

Како за IQOS 3 DUO, така и за овој уред се препорачува чистење после секои 20 употреби. Го исклучувате уредот. Ја отварате прво едната страна од двојниот чистач каде што се наоѓа бришачот. Го отварате капачето на lil Solid уредот. Го вметнувате делот каде што се наоѓа иглата и правите полукружни движења. Откако сте готови со бришачот, ја отварате другата страна од чистачот каде што се наоѓа четката. Со овој дел го четкате просторот околу иглата. На крај го враќате капачето назад.

lil SOLID 2.0 cleaning process

lil Solid 2.0 покрај опцијата за рачно, нуди и опција за автоматско чистење и одржување. За да го стартувате автоматското чистење прво што треба да направите е да кликнете 5 пати на копчето на уредот за да започне да трепка портокалово светло кое трае 90 секунди. Кога процесот на чистење ќе заврши, уредот дава сигнал со 2 вибрирања по кои трепкачката сијаличка сама се гаси. И кај овој уред Ви препорачуваме користење на стапчињата за чистење 2-3 пати неделно. Како наши корисници, Вие ги заслужувате најдобрите перформанси на уредите и оптимално уживање во вкусот на тутунот. Не го одложувајте нарачувањето на двојниот чистач, направете го тоа со само еден клик на копчето подолу:

За видео инструкции за чистење на lil Solid 2.0 кликнете тука.

Исчистете го Вашиот уред и дозволете му на IQOS да Ви подари поинакви искуства. Без чад, пепел и помалку непријатни миризби. Ја носиме иднината во Вашата сегашност! IQOS – безвременски!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе