21/06/2022

Светски ден на музиката

Не постои ништо поуниверзално и заедничко на светот од музиката. Таа е нашиот културолошки атом, билет кој нè води на патување без да мрднеме од место. Музиката е таа што магливите утра ги претвара во сончеви денови, тмурните пладниња во ѕвездени ноќи. Нејзиниот ритам е длабоко вткаен во нашето ДНК. Сè што е живо има ритам. Затоа и музиката е насекаде.

21-ви јуни е Светски ден на музиката. Овој ден го слави музичкиот колорит и диверзитет и ритмичната бескрајна авантура. 8-те ноти кои се интерпретираат на различен начин насекаде низ светот, во различни формати и стилови, сепак се најмал заеднички содржател на соничниот ритам во кои чукаат нашите срца. Толку апстрактно, а толку допирливо.

Како да го прославите Светскиот ден на музиката?

Едноставно е, наместете слушалки, или доколу сте во OK односи со соседите појачајте звучници и пуштете си ја омилената песна. Или истражувајте, експериментирајте со музика од далечни и непознати поднебја, слушнете некои ретро изданија, дајте им шанса и на некои нови и поегзотични ритми. Изберете нешто што ќе ве раздвижи и ќе ве лансира во нови и непознати димензии.

Подарете си музика, подарете си адреналин, имагинација, љубов, конекција. А кога зборуваме за позитивни вибрации и магични фреквенции, наскоро IQOS ќе ве поврзе со урбаниот ритам на летото, преку присуството на највозбудливиот настан за оваа сезона: Д-ФЕСТ.

IQOS тимот секогаш будно го следи темпото на ритамот на нашите драги корисници. Сите вие што го направивте клучниот чекор за себе и за сите околу вас и преминавте на IQOS и сите вие кои сакате допрва да го направите тоа, бидете спремни за тридневно дружење во Дојран. Ние сме веќе спремни и со нетрпение ве очекуваме. А што вие да очекувате? Многу насмевки, одлична музичка терапија, убави луѓе, позитивни импулси! Следете нè за подетално инфо околу фестивалските настани.

А во меѓувреме останете отворени, динамични, разиграни и распеани и започнете со летниот танц уште од денес. Разбранете ги внатрешните микро-космоси и пуштете го немирниот дух да тактира со врелиот летен ритам.


IQOS е секогаш овде да ја продолжи симфонијата од позитивни искуства, секогаш во ритам со времето, секогаш чекор пред истото!

Најнови новости

Моќта на иновативниот дизајн на овогодинешниот Milano Design Week
Прочитајте повеќе
Сѐ што (не) знаеш за кафето
Прочитајте повеќе
Твојот IQOS ритуал преточен низ шолја кафе
Прочитајте повеќе
Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Прочитајте повеќе