27/08/2022

Како помина изборот на најкреативните IQOS фотографии

Колоритни позадини, различни градски „катчиња“ и IQOS во главната улога.
И сето тоа низ призмата на фотоапаратот или мобилниот телефон, како начин да се истакнат IQOS креативците!

Ова лето ги поттикнавме сите IQOS корисници да ја пронајдат страста на летото во својот град, да ја разбудат својата креативност и натпреварувачкиот дух, и секако, најдобрите за таа своја креативност да бидат соодветно наградени.

Изборот на најкреативните IQOS фотографии го одлучија гласовите на публиката на IQOS Instagram профилот и шестчленото жири кое беше составено од претставници на различни сектори во Филип Морис ТКП:

  • • Кристијан Михајловски - одговорен за тимот посветен на грижа за корисниците
  • • Ардит Бина - соработник за дигитална трговија
  • • Кристина Кочевска - лидер за дигитален канал B2B
  • • Гала Манчевска - сметководствен аналитичар, во тимот на финансии
  • • Мартина Попоска - соработник во тимот за производство со трети лица
  • • Ивана Јачева - соработник во сектор екстерни прашања

Жири комисијата беше воодушевена од различните креативни дела на учесниците и затоа се соочи со навистина тежок предизвик – да ги избере своите фаворити во изобилието одлични IQOS фотографии кои ги исполнија сите услови да бидат дел од овој предизвик. Тие споделија дека сите креативни решенија заслужиле посебно внимание од нивна страна и се заблагодарија на сите учесници во предизвикот кои ја „збогатија“ својата IQOS приказна.

жири комисија за избор на iqos фотографии

Процесот на избор на најкреативните фотографии од страна на жири комисијата беше следен и од Претседателот на комисијата - Вероника Ставрова, како претставник од страна на тимот на маркетинг и дигитал. Таа се погрижи гласањето да помине во најдобар ред и потврди дека сите правила на учество се запазени.

За најкреативните дела, следуваа подароци.

Па така, најкреативните 10 учесници, според гласовите од публиката и гласовите од жирито, добија IQOS 3 DUO Passion Red уред кој ќе им ја разубави IQOS колекцијата за ова лето, а 20 учесници добија подарок пешкир за на плажа, за кој сме сигурни дека максимално ќе го искористат, уживајќи во IQOS ритуалот на избраната дестинација.

Како за крај, сакаме да изразиме огромна благодарност до сите учесници, сите креативни умови кои знаеме дека се дел од секоја IQOS приказна.

Следи нè на социјалните мрежи, за постојано да си во тек со IQOS светот.

Твој IQOS!

Најнови новости

Есента раскажана низ чаша младо вино
Прочитајте повеќе
IQOS BLACK FRIDAY започна порано и тоа онлајн!
Прочитајте повеќе
Незаборавна авантура во Токио
Прочитајте повеќе
IQOS пристигнува во Bliss Mall
Прочитајте повеќе