02/09/2022

Кој е најголемиот мит за никотинот?

Да тргнеме од почеток.

Суштинска разлика помеѓу никотинот и чадот од цигарите

Кога зборуваме за никотин, прво нешто што паѓа на памет е пушењето и влијанието кое го има врз организмот. Никотинот погрешно се смета за одговорен за сите проблеми кои ги предизвикува пушењето, но вистинската штета во организмот ја предизвикува чадот од цигарите. Она што треба да се знае е дека никотинот е супстанца која предизвикува зависност и секако, не е без ризик.

Сепак, постои значителна разлика помеѓу никотинот и чадот од цигарите. Никотинот е природна состојка присутна во тутунот, додека чадот се создава при процесот на согорување на цигарата.

Преку научните истражувања, откриено е дека постојат повеќе од 6.000 различни состојки во чадот од цигарите. Околу 100 од овие состојки се препознаени како директна или потенцијална причина за создавање на здравствени проблеми поврзани со пушењето цигари.

две дланки и iqos 3 duo

Токму поради овие разлики, како иновација развиена од страна на Филип Морис Интернешнал, IQOS уредите претставуваат подобра алтернатива од продолжување на пушењето цигари. Главната причина што го отежнува процесот на откажување од цигарите е самиот никотин. Овој производ е фокусиран на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без да се создава чад, главната причина за болести поврзани со пушењето, т.е да се избегне штетниот процес на согорување.

Научно е докажано дека користењето на IQOS создава 95% помалку штетни состојки споредено со цигарите. Ова се должи на иновативната технологија која загрева, на контролирана температура, но не дозволува да дојде до согорување. При процесот на загревање не се создава чад, катран и пепел.

IQOS уредите се класифицирани од страна на Американската агенција за храна и лекови (FDA) како Производ со модифициран ризик, по ригорозните прегледи базирани на целосната научна документација. Тие прегледи докажаа дека тврдењата: IQOS го загрева тутунот, но не го согорува. Ова значително го намалува создавањето на штетни и потенцијално штетни материи. Научните студии покажаа дека целосното префрлување од конвенционалните цигари на IQOS значително ја намалува изложеноста на телото на штетни или потенцијално штетни материи.

Најнови новости

IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе
Ексклузивна онлајн понуда
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Битола и Прилеп
Прочитајте повеќе
Секоја приказна е единствена, а секоја промена е инспиративна
Прочитајте повеќе