IQOS е револуционерен начин на уживање во тутунот за возрасни пушачи, кои би продолжиле да пушат. IQOS користи патрони од несогорлив тутун и нуди задоволство на вистински тутун. Бидејќи IQOS го загрева тутунот, наместо да го согорува, нема пепел или чад. (Важна информација: користењето IQOS не е без ризик. Никотинот создава зависност.)
IQOS е производ наменет за сите полнолетни пушачи кои сакаат да продолжат со користење на тутнски производи и уживање во вистински тутун без непријатности како што се тутунски чад и пепел. IQOS е софистициран електронски уред кој го загрева, наместо да го согорува тутунот, при што се ослободува аеросол од вистински тутун без чад, пепел и со помалку непријатни мириси. IQOS има единствено сечило за греење направено од керамика, прекриена со злато и платина. Содржи најсовремена елктроника која ја регулира температурата, со цел да се обезбеди исто ниво на перформанси при секоја употреба.
IQOS не е наменет за луѓе кои престанале со пушење или никогаш не биле пушачи. IQOS и патроните од несогорлив тутун не се наменети за малолетни лица (под 18 години).
Не, IQOS не произведува чад, затоа што не го согорува тутунот. Со IQOS се создава тутунска пареа, и тоа е единственото што го гледате кога користите IQOS.
Не, IQOS не е уред наменет за одвикнување од пушење. Доколку сте загрижени за влијанието на пушењето на здравјето, најдобра опција за Вас е целосно да престанете со користење на тутунски производи.
Не. IQOS уредот е дизајниран исклучиво да работи со патрони од несогорлив тутун произведени од Филип Морис, и обратно. Само со нивна заедничка употреба можете во целост да ги искористите сите предности кои ги ниди IQOS и кои се докажани од страна на PMI science. Сите наши студии се засновани на користење на IQOS уред и патроните од несогорлив тутун на Филип Морис.
IQOS држачот на патрони и полначот се дизајнирани да бидат сигурни, како електронски уреди, кога се користат во согласност со насоките дадени во упатствата за корисници. Држачот и полначот се во согласност со барањата за електронска сигурност на потрошувачите на ЕУ која се означува со “CE" (Европска согласност) симболот на пакувањето. За повеќе детали погледнете го упатството за корисници.