07/10/2022
Уникатно, посебно, ретко и единствено...
Зошто оригиналноста лесно се преточува во впечатливост и сама по себе носи успех? 💥
Во претходниот текст имавме кратка најава во која ги откривме основните детали за новите IQOS ORIGINALS DUO.
Незабележливо, (но малку и намерно) се обидовме да бидеме кратки и го оставивме најинтересниот дел за подоцна, поточно за овој текст 😊.
Затоа, да фрлиме уште еден, овој пат подетален поглед на IQOS ORIGINALS DUO настаните, со тематски фокус кон новите уреди со модерен и стилски дизајн.
Подготвени?
Можеме да почнеме.
Оригиналноста може да се набљудува низ различни призми и секој може да ја толкува на свој начин. Така, за време на првиот настан посветен на откривање на новитетот од светот на IQOS, се запознавме со IQOS ORIGINALS DUO уредите преку:
Соработка со OX Streets, оригинална колекција составена од специјално дизајнирани дуксери во црна и бела боја, чорапи и капчиња во стилот на новите уреди, кои ја пренесуваат посебноста, оригиналноста и впечатливиот стил на IQOS ORIGINALS DUO и на самите корисници.
Но, што би бил еден IQOS настан без Photo Spots?
Четирите нови бои: Vibrant Scarlet, Refined Slate, Vivid Turquoise и Shining Silver беа откриени од страна на нашата Катарина Ивановска, преку нивна презентација во посебно дизајнирани катчиња.
За загревање на атмосферата одекнуваа звуците на DJ Chvare & DJ Goce Saf.
Посебна нота на амбиентот даде вкусната храна и коктелите кои ги отсликаа четирите оригинални бои на уредите.
Како и во првиот - истиот дух и тематски фокус се прелеа и во вториот ден, преку отворен настан каде корисниците имаа можност да купат IQOS ORIGINALS DUO, со подарок дуксер од колекцијата на OX Streets.
Секако, ниеден IQOS настан не би бил целосен без дополнително изненадување! За најбрзите четворица, кои имаа најголемо познавање за предностите на IQOS следуваа подароци: два пара патики и два скејтборди, персонализирани од стана на нашите уметници Игор Стевковски – Стевец и Драш.
Во овие два дена сите заедно ја препознавме и потврдивме дека оригиналноста, иако е ретка, уникатна, впечатлива и посебна, таа е достапна на секого од вас со новите IQOS ORIGINALS DUO.
Only IQOS.