07/11/2022

Вистината позади катранот

Време е да прочитаме малку повеќе за оваа тема која сама по себе повлекува бројни дискусии.

Составот на цигарите се карактеризира со околу 7.000 различни хемикалии, а повеќето од нив се смета дека се наоѓаат токму во катранот. Токму поради ова, се смета дека катранот влијае врз зголемувањето на ризикот за појавата на разни здравствени проблеми.

Катранот се создава при горење.

Она што во старт треба да се знае е дека катранот всушност не е супстанца, туку е машински измерена количина на преостанатите честички во чадот од цигарите, откако ќе се отстранат никотинот и водата пред мерењето.

До намалување на изложеноста на штетни и потенцијални штетни соединенија може да се стигне преку избегнување на горењето, кое директно се поврзува со чадот од цигарите, бидејќи директно придонесува за создавање на катран.

Секако, најдобар избор е целосно откажување, но научно поткрепените алтернативи без чад, кои создаваат зависност и не се без ризик, се многу подобар избор од продолжување со пушењето, за оние кои не се откажуваат и се во потрага по подобри алтернативи кои се произведени според високи стандарди за квалитет и безбедност.

Клучна разлика помеѓу никотинот и катранот

Основната разлика помеѓу никотинот и катранот е тоа што никотинот е природна состојка, додека пак катранот се создава при согорување на тутунот. Според научно потврдени искази, главен причинител за болестите поврзани со пушењето е чадот и материите што се создава при согорување – меѓу кои и катранот, додека никотинот, што е природно присутен кај тутунот, ја создава зависноста. Поради тоа, бројните истражувања докажаа дека разликата помеѓу никотинот и катранот е суштинска и тие никако не можат да се ставаат во „ист кош“.

Токму поради овие разлики и самите последици, постојаните иновации на компанијата Филип Морис во тутунската индустрија, предводени од иновативните IQOS уреди, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катранот, односно да се избегне процесот на согорување.

цигарите создаваат катран, iqos не создава катран

Цигарите создаваат катран. IQOS не.

IQOS не создава катран бидејќи го загрева тутунот наместо да го согорува. Притоа создава аеросол, со значително пониски нивоа на штетни состојки*.

Важна информација: Отсуството на катран не значи дека IQOS е без ризик. IQOS ослободува никотин, којшто предизвикува зависност.

*Намалување на просечните нивоа на штетни состојки (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот од цигарите.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе