19/09/2023

Зошто твоето мислење ни е најважно?

Во IQOS, нашата мисија и приоритет се насочени кон обезбедување на твое целосно задоволство и исклучително искуство. Токму затоа твоето мислење е важно, а во продолжение ќе ти објасниме како, ти како корисник, можеш да направиш голема разлика.

Зошто да го споделиш твоето мислење?

Твоето корисничко искуство е суштината на нашата посветеност. Со споделување на твоето мислење, ти играш клучна улога во нашата постојана потрага за напредок и заедничко подобрување.

Во IQOS, најмногу ги цениме повратните информации бидејќи нè водат во процесот на усовршување на нашиот бренд и услуги. Сакаме да се осигуриме дека секоја интеракција што ја имаш со IQOS како бренд, со нашите експерти и канали, и онлајн и офлајн, не е ништо помалку од исклучителна.

За оваа цел, користиме анкети кои ни даваат сознанија за твоето искуство.

Чекорите низ кои минува секој лојален корисник - IQOS

Како да го споделиш твоето мислење?

Едноставно, преку анкетите испратени на СМС! Со одговарање на само неколку кратки прашања, ти ни даваш увид во твоето задоволството од нашите услуги. Ова овозможува детално да ја анализираме секоја интеракција и да го разбереме твоето искуство поврзано со нашите производи и услуги. Со тоа ние имаме увид што правиме добро, а во кој аспект има простор за подобрување и минимизирање на недоразбирањата помеѓу нашите IQOS експерти и корисници.

Твоето задоволство го мериме за интеракциите на сите достапни канали:

Секоја интеракција на нашите канали е проследена со анкета испратена во рок од 24 часа. Твојот придонес со коментари и препораки е од големо значење за нас, и ние сме секогаш тука да слушаме.

Заради нашата посветеност на одржување долгорочно задоволство кај корисниците, по првата анкета поврзана со интеракцијата преку нашите канали, испраќаме уште неколку, наменети за оценување на твоето целокупно искуство со IQOS како бренд: по 7 дена од купување на уред, по 30 дена, како и по 6, 12 и 24 месеци.

Подобрување на искуството со IQOS: наш пристап

Нашето патување до совршенство вклучува динамичен двонасочен процес на комуникација.

Надворешна комуникација

Нашите вработени директно се поврзуваат со тебе за да добијат реален фидбек што ќе ни даде појасна слика за нашите силни страни, но и за областите кои бараат подобрувања за беспрекорно искуство. Во случај да се појави негативен фидбек во врска со искуството, тука сме да најдеме ефикасни решенија за подобрување.

Внатрешна комуникација

Во рамки на внатрешната комуникација собираме повратни информации, за да создадеме сеопфатно разбирање за позитивните и негативните искуства со кои се среќаваат нашите корисници. Нашиот тим ги структуира информациите според приоритет за да дојдеме до најефикасните решенија со кои ќе обезбедиме навремено позитивно корисничко искуство за сите.

Важно ни е да знаеш дека ти си клучен дел од целото IQOS патување, твоите одговори се забележани, а твојот глас слушнат. Твоите повратни информации имаат моќ да ги обликуваат нашите производи и услуги, а твоите позитивни оцени ни даваат мотив да бидеме уште подобри.

Сподели го твоето искуство со нас!

Only IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе