05/04/2024

Стилски хепенинг

Сѐ уште сме под импресии од возбудливата кулминација на 28-мото издание на Моден викенд Скопје. Во изминативе возбудливи три дена, имавме можност да ѕирнеме што се крие зад завесите на ателјата на домашните дизајнерски сили, а на самото финале, бевме заведени од инспиративните невестински креации наменети за сите дами што планираат да го изговорат судбоносното „Да”.

Редица ревии го привлекоа вниманието на модните ентузијасти во Ист Гејт Мол.

Па ајде да се потсетиме кои брендови комплетно ја освоија публиката:

28 март

Радмила Георгиева

„Носталгија“ е насловот на најновата колекција на Георгиева. Започнете патување низ времето со креации инспирирани од драгоцени спомени кои ни ги обликуваат животите.

Not Col

Алтернативниот македонски бренд за одржлива мода се претстави со колекцијата „Кочо“, именувана во чест на основоположникот на современата македонска книжевност Кочо Рацин. Дизајнерката Магдалена Таневска цели со секоја креација да ги предизвика ограничувањата на секојдневното постоење и да трасира нов пат за себеизразување.

Naash.X

„Руини“ е најновата колекција од Христијан Нашуловски која ја симболизира вечната битка за трансформација.

29 март

Disciplina, powered by IQOS

На пистата имавме можност да го посведочиме и стилскиот резултат од интригирачката соработка на два бренда кои ги обединува идејата за иновативност, автентичност и урбан стил. Disciplina и IQOS ги фасцинираа сите кои милуваат да ги преминуваат границите на вообичаеното.

Српскиот streetwear бренд, кој е лансиран во 2016 година од Ивана Давидовиќ која креира модерни парчиња создадени врз база на принципите за уникатност, комфор и бескомпромисен квалитет, пронајде свој партнер во визионерскиот бренд IQOS, за да креира колекција за смели индивидуи кои не се плашат да го живеат животот по свои правила.

Боите на IQOS ILUMA беа инкорпорирани во колекција во чии темели стои замислата за оригинален, храбар и кул изглед кој ѝ се спротивставува на уличната монотонија.

Disciplina се роди во Белград, а со својата непретенциозна, но препознатлива естетика набрзо придоби фанови во целиот регион. Дизајнерката Ивана кокетира со елементи типични за спортската облека, а логото го користи како неизоставен детаљ од секоја колекција. Етаблираниот бренд гравитира околу монохроматска палета и oversized, унисекс силуети и се позиционира како „етикета“ асоцирана со одржливост и квалитет.

Disciplina, powered by IQOS на Моден викенд Скопје Disciplina, powered by IQOS на Моден викенд Скопје Disciplina, powered by IQOS на Моден викенд Скопје

Alshar

Колекцијата „Челични магнолии“ на дизајнерката Силвија Михајловска е инспирирана од филмот „Steel Magnolias“ од 1989 година и ги претставува жените со традиционална женственост и неконвенционален стил.

Студентска ревија

Заедничката ревија на која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, презентираа калеидоскопски збир од креативните истражувања на младите дизајнери, во кои се рефлектираат нивните искуства и различните визии во сферите на одржливоста, културното наследство, уметноста, убавината, младоста.

30 март – Невестинска модна ноќ

Al Aparel

Kолекцијата „Пустинска роза“ црпи инспирација од грубата и деликатна убавина на пустинските пејзажи, особено фокусирајќи се на уникатната пустинска роза како спој на силата и моќта на природата и трансформативната моќ на убавината.

Anastasja Trajkovska

Сестрите Анастасја и Елизабета со колекцијата „Maxim“ го величат најголемиот адут во животот – времето. Динамичното дуо цели да претстави симфонија на креативноста која ги руши границите на модата.

Anna Veseli Couture

Со колекцијата „Бисерно бели соништа“, брендот се стреми да го трансформира секој женски сон во одушевувачка реалност.

FA-BU

Крајот беше резервиран за арт-студиото „Fa-Bu” и нивните несекојдневни креации од свежо цвеќе.

Моден викенд Скопје започна со спектакуларно модно шоу со креации од над 20 врвни италијански брендови присутни во Македонија. Во програмата се вклучени и интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на „бавната мода“ и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување.

Идејата зад сите овие настани е преку модата и дизајнот да се поттикне подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење.

Најнови новости

Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе