12/04/2024

Зборуваме со тимот IQOS експерти

Запознај се со најновата верзија на Виртуелната зона која ти носи премиум корисничко искуство, поддршка, со сеопфатен пристап на продажни услуги, прилагодена кон твоите специфични барања и преференции.

Ние го следиме и цениме твоето мислење, а оваа подобрена верзија е создадена со цел да ја добиеш најдобрата можна услуга, токму овде во нашата земја. За новитетите во Виртуелната зона, ќе дознаеш лично од разговорот со експертите од Виртуелната зона - Елена, Сара, Никола и Матеа.

Никола - Агент во IQOS Виртуелната зона

Прво разговаравме со Никола. Од него дознавме дека Виртуелната зона има нова унапредена верзија. Па, следствено го прашавме кои се новитетите односно најзначаните карактеристики на новата верзија на Виртуелната зона.

Никола: Пред сѐ преку новата, подобрена верзија можеш на брз и едноставен начин да нѐ контактираш или да закажеш телефонски или видео повик. Преку оваа верзија можеш да добиеш повеќе и подетални информации за целокупното IQOS портфолио како и да ги користиш сите актуелни понуди.

Ажурираната верзија всушност носи подобро корисничко искуство каде што можеш да разговараш со IQOS агент преку видео повик или да оставиш телефонски број по што следствено ќе бидеш исконтактиран. Се разбира, доколку не сакаш да го водиш разговорот со вклучена камера, истата можеш да ја исклучиш во било кое време при разговорот.

Дополнително, додека си на видео повик имаш опција и да пишуваш во chat заедно со агентот. Од друга страна агентот може да сподели екран доколку треба да ти покаже како да направиш нешто, да сподели специјална или моментална понуда со тебе, да ти ги прикаже производите директно како pop-up со сите бои и описи каде ќе можеш да селектираш боја по свој избор, а додека го правиш тоа сѐ се прикажува и кај агентот.

Следното прашање е, кога еден корисник може да се обрати во Виртуелната зона?

Никола: Виртуелната зона работи секој ден од 08:00 до 22:00 часот, освен во недела и за државни празници.

Што ти нуди Виртуелната зона како услуга?

Виртуелната зона, ги нуди сите услуги како и останатите официјални продажни места.

  • 1. Можеш сам да направиш нарачка, или пак агент да ја направи во твое име.
  • 2. Доколку не можеш да се снајдеш на вебсајтот, агентот е достапен да ти помогне или да ти нарача уред.
  • 3. Агентот има должност да ти ја понуди најдобрата моментална понуда за уредите.
  • 4. Агентите се тука за да ти овозможат одлично виртуелно шопинг искуство.

Но, секако дека грижата за клиентите останува важна услуга која ја добиваш од агентите во Виртуелната зона. За тоа каков е пристапот кон корисничките прашања и на кој начин преку иницирање на видео контакт обезбедуваат грижа за тебе ни одговараат Елена, Матеа и Сара.

Елена - Агент во IQOS Виртуелната зона

Елена: Со сите корисници, пристапуваме со еднакво внимание и пред сѐ се ставаме во нивна позиција, со цел подобро да ги разбереме нивните потреби. Преку видео контакт, се овозможува клиентите да се осигураат дека разговараат со вистинска (претставник на IQOS) личност како и тоа дека со ова се овозможува подобра презентација на IQOS портфолиото.

Матеа - Агент во IQOS Виртуелната зона

Матеа: Видео повиците им овозможуваат на постоечките, а и на потенцијалните корисници поблиску да се запознаат со IQOS производите без да го напуштат комфорот на својот дом, односно од каде било.

Сара - Агент во IQOS Виртуелната зона

Веќе дозна дека Виртуелната зона има новитети. Па, да прашаме дали е можно корисниците да купат IQOS уред директно преку Виртуелната зона и ако е така, кои чекори се вклучени во овој процес.

Сара: Секако дека е возможно корисниците да направат нарачка преку Виртуелната зона, тоа е основна придобивка за корисниците. Тие можат сами да си направат онлајн нарачка, како и да нѐ контактираат во Виртуелната зона за ние да им направиме нарачка во нивно име и потоа истата да им ја испратиме преку брза пошта или да ја подигнат од најблиската IQOS зона или партнер.

Елена и Сара - Агенти во IQOS Виртуелната зона

За крај сакавме да дознаеш како изгледа еден работен ден во Виртуелната зона. Па, сите заеднички одговорија:

Денот ни започнува со контактирање на корисници за потврдување и испраќање на онлајн нарачки по нашиот официјален логистички партнер, потоа ги контактираме закажаните повици кои доаѓаат од нашата веб страница mk.iqos.com, а во исто време сме достапни за сите live видео повици, за време на кои сме максимално достапни за да ги информираме корисниците за актуелните понуди и се разбира да направиме нарачка според нивно барање.

Со најновите ажурирања на Виртуелната зона и посветеноста и напорната работа на тимот со кои разговаравме, продолжуваме кон следното ниво.

Затоа, следниот пат кога ќе сакаш да се информираш детално за IQOS производите, сакаш да искористиш некоја актуелна понуда и програма, запомни дека Виртуелната зона е секогаш достапна за тебе.

За уште многу виртуелни интеракции и среќни корисници!

Твој IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе