04/10/2024

Патот до Токио преку Together X платформата

Доколку си IQOS корисник сигурно веќе си присуствувал/а на еден од настаните под Together X платформата. Тоа е така затоа што X платформата до сега зад себе брои низа активности и настани создадени со цел да го направат твоето искуство со IQOS незаборавно. Твојата енергија, придонес и учество се нашиот главен двигател за да го исполниме и неочекуваното.

Together X платформата овозможува подготвување на единствени искуства, креирани од корисниците - за корисниците, заеднички да биде прославена твојата уникатност. Наменета за лојални IQOS корисници, кои имаат можност да го креираат сами своето искуство и доживување на IQOS настаните.

Оваа година, преку платформата Together X и по повод 10 години од постоењето на IQOS, на уникатен начин прославивме со целата наша IQOS заедница, и тоа преку низа на активности и незаборавни настани. Со едноставана најава на IQOS Club секој IQOS корисник можеше да учествува во трката за патување во Токио.

Официјално трката за собирање на поени преку платформата за лојалност IQOS CLUB започна на 30ти мај, а стартот го зачинивме и со првиот настан Together X Summer Festival кој се одржа на 1ви јуни во Бистро Комедија. Продолживме со спектакуларен настан на Неонско доживување во Интермецо , а да не го заборавиме и најголемиот летен музички фестивал во нашата земја Д-фестивал. На крај, настанот кој го заокружи летото и можноста за собирање на статусни поени со „Мало Токио” во единствениот Casa Bar.

Неонско IQOS Together X доживување во Интермецо

Тројцата добитници кои беа рангирани највисоко на листата, според бројот на статусни поени, се истакнаа по својата упорност и активно учество од почетокот на летото па се до овој момент. Нивната награда? Патување во Токио - незаборавно искуство, неверојатна можност да го истражат градот познат по својата традиција, енергија и култура. Патувањето до Токио ќе кулминира со главниот настан IQOS Together X Sensorium на кој IQOS заедницата ќе ја олицетвори својата големина, а токму нашите корисници ќе го доживеат неочекуваното на целосно поинаков и унапреден степен, настан кој ги предизвикува сетилата во вибрантна глобална атмосфера. Сите тие искуства, можеш да ги доживееш и ти преку следење на сторињата на нашиот Instagram профил кои нашите корисници ќе ги споделат заедно со тебе.

IQOS Together X искуство на Д-Фестивал

Секако покрај настаните, активностите и сите позитивни моменти за паметење, преку оваа платформа IQOS ти овозможува директно да влијаеш и да ја обликуваш иднината на заедницата. Преку интерактивно учество на социјалните мрежи, прашалници за персонализирање на искуството, грижата за корисниците... важно е заедно преку Together X да создадеш со нас нешто поинакво и возбудливо.

IQOS Together X искуство Little Tokyo во Casa Bar

Затоа вклучи се директно во IQOS мисијата, затоа што твојот глас носи позитивна промена во нашите одлуки и визии. Да ја славиме софистицираноста и заеднички да растеме.

Остани во тек со сите ексклузивни настани и случувања поврзани со Together X платформата на IQOS_MK и биди дел од големото глобално доживување, заедно со IQOS корисниците во Токио. Во Јапонија се собираат илјадници IQOS корисници кои ќе ја прослават оваа заедница, заедно со тебе!

Со Together X неочекуваното станува реално!

Најнови новости

Одбележуваме 10 години IQOS
Прочитајте повеќе
Поинакво IQOS кафе искуство
Прочитајте повеќе
Како си поминавме на „Мало Токио” во Casa Bar?
Прочитајте повеќе
Ограничена онлајн понуда за неограничено уживање
Прочитајте повеќе