15/11/2024
Ве заскокоткува ли помислата дека се ближи Black Friday? Стратешки ја поттурнувате желбата за шопинг за да можете да ги искористите најдобрите зделки? Не сте единствени. Ни претстои период на попусти кој ни го подгрева до максимум фамозното FOMO (Fear of Missing Out – стравот од пропуштање на нешто).
Сите ја сакаме возбудата и адреналинот, но никој не ги сака гужвите, долгите редици пред соблекувалните и касите и притисокот дека за минутки мора да одлучите дали да купите нешто или не. Токму затоа, во изминативе години, лудилото Black Friday се префрли на онлајн платформите. Пазарувате опуштено, во време кога вам ви одговара, го минимизирате импулсивното купување, за секунди споредувате цени и откривате дали попустот е вистински или не.
Потонете во вашата комфорна фотелја и започнете ја овогодишната Black Friday авантура. Во продолжение ви асистираме како да нурнете во огромната понуда како експерт:
Black Friday веќе не е еднодневен глобален феномен, туку се протега низ целата втора половина на ноември. Многу брендови целат да им овозможат на своите корисници и специјални зделки.
Следете ги омилените брендови на социјалните мрежи или преку известувања на e-mail за да бидете меѓу првите кои ќе дознаат за промоциите и намаленијата.
Креирајте си профили на омилените продавници и подготвено чекајте ги примамливите понуди.
За да избегнете лоши шопинг одлуки, секогаш пазарувајте кога сте релаксирани, без дистракции. Ако што било ви го одвлекува вниманието или ве принудува да брзате со одлуките, веројатноста да направите грешка се зголемува.
Изберете си период од денот кога имате најмалку обврски, повлечете се во омиленото катче од домот, пуштете си ја омилената плеј-листа и започнете да прелистувате. Шопингот претворете го во ритуал со кој ќе се разгалите и наградите себеси.
Цената која првично ќе ја видите, може да ви вклучи „црвен аларм“ или пак да ви рече „во зелена зона си, купувај, не се мисли многу“. Но, вистината е дека за одредени предмети вреди да издвоите малку поголем буџет. А со практична пресметка, ќе откриете кои се тие.
Да речеме дека окото ви го фатило елегантно парче облека од 2.000 денари кое веројатно би го износиле максимум 4 пати во годината. Кога цената ќе ја поделите со бројот на носења, ќе добиете дека едно носење чини 500 денари.
Од друга страна, ако купите предмет кој чини 3.000 денари и го користите најмалку еднаш дневно, тогаш калкулацијата е дека едно користење ќе ве чини најмногу 8 денари, а веројатно и многу помалку од тоа. Па, очигледно е каде вреди да потрошите повеќе.
Black Friday попустите може да ве натераат да го купите сè она кое одамна го посакувавте, следевте дали е на намалена цена или пак, сте биле неодлучливи, па токму оваа Black Friday понуда ќе ве натера да помислите дека сега е вистинското време за тој чекор.
За одлично шопинг искуство без непосакувани компликации, избирајте веб-продавници кои:
Олеснување е и можноста за online плаќање, која ја нудат сè повеќе веб-продавници, вклучително и mk.iqos.com и со тоа овозможуваат комплетно и пријатно шопинг искуство.