28/11/2024

Инспирација од Токио

Невозможно е да му одолеете на шармот на индивидуалноста. Невидлива магнетска сила константно нè влече кон сè што е поразлично од наметнатите стандарди и кон лицата кои се доволно смели да ги скршат спрегите на конформизмот.

Во време во кое глобалните трендови резултираат со монотони, хомогени стилови, сè поатрактивна е јапонската модна сцена, каде индивидуалноста не само што е топло прифатена, туку е и јадрото на сè што значи стилско изразување и начин на живот.

Од улиците на Токио кои се пример за диверзитет и слобода за стилски експерименти до пистите на дизајнери кои ги величат софистицираниот минимализам и ексцентричноста, Јапонија е неисцрпен извор на лекции. Негувајќи ја културата на самоизразување, младите лица гледаат на облеката како простор за креирање на сопствена уникатна приказна која е рефлексија на нивните видувања, а не само на интернационалните трендови. Со фузирање на влијанија од различни супкултури и ери и инкорпорирање на технолошки напредни аксесоари, жителите во урбаниот џин Токио успеваат да постигнат визуелно стимулативна модна какафонија.

Само еден поглед на Хараџуку е доволен за да ја увидите убавината на неповторливоста. Со блендирање на елементи од каваи, готик, панк, бохо и сл., тука може да се видат од авангардни до ултра бајковити аутфити. Ниту еден минувач не е идентичен со друг, но сите нив ги поврзува посветеноста на ситниците и копнежот да се истакнат. Посебен акцент е ставен на персонализираните детали како личен печат на секоја комбинација.

До одреден аспект, таа уникатност и исклучителната внимателност при изборот на детали е отсликана во лимитираната едиција IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 year edition која пристигнува во Македонија. Лансирана по повод 10-годишнината на IQOS, новата едиција ги носи вибрациите типични за журките на прославениот диџеј Стив Аоки и со впечатливи бои ја збогатува јубилејната прослава.

„Долго време работев со дизајнерите за да направиме да се чувствувате како да сте на шоу на Стив Аоки“ – изјавил за соработката со IQOS славниот диџеј со потекло од „земјата на изгрејсонцето“.

Трите верзии имаат моќен визуелен идентитет, а нивните чисти линии и интуитивната функционалност се во синергија со естетиката фокусирана на едноставност и зачинета со идеални дози ефектни компоненти.

Сега, сите полнолетни пушачи кои ја избираат подобрата алтернатива без чад имаат шанса да бидат „предвесник“ на новиот бран од естетски атрактивни уреди. А за првите кои ќе ја искористат можноста за пред-нарачка на IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 year edition следува и подарок – премиум платнен несесер со потпис на Стив Аоки. Дознајте повеќе за актуелната понуда на  официјалната страница на IQOS.

Најнови новости

5 брзи совети за максимално уживање во неделното утро
Прочитајте повеќе
Секој петок има своја приказна – твојата почнува на afterwork во Bonobo
Прочитајте повеќе
Промената започнува сега
Прочитајте повеќе
Нови искуства, нови моменти, нова инспирација во IQOS Spaces
Прочитајте повеќе