06/05/2022
Околу тоа што значи и што претставува NFT зборувавме во претходната објава. Ви ветивме дека нема да застанеме овде и дека допрва ќе ја градиме нашата NFT авантура. Па затоа:
На ден 07.05.2022 IQOS Ве поканува на NFT Open Day Gallery. Сите наши верни, но и потенцијални корисници ќе имаат можност да ги погледнат NFT делата од македонски реномирани артисти, изложени во просториите на IQOS. Во оваа NFT галерија ќе бидат вклучени делата од исклучителни уметници како што се Darko R, Ива Станковска, Female Punx, Сара Станоеска. Уметничките правци и стилови како што се минимализам, футуризам, поп-арт, аниме и уште многу други ќе имаат за цел да ви овозможат едно визуелно, емоционално и ментално патување, низ и надвор од времето и просторот.
Не сте слушнале и не знаете што всушност претставува NFT-галерија?
На прва, сите сме малку конфузни околу тоа како дигиталната уметност се изложува во традиционален галериски простор и како сето тоа функционира. Епа вака: NFT делата се прикажуваат со помош на LED-екрани или висококвалитетни проектори. Овој тип на изложување нуди огрома флексибилност и отвара простор за бесконечно можности и варијанти, затоа што може да се вклучат и движења и звуци во самите уметнички дела. Уметноста е слобода, не само на изразување, туку и на восприемање. NFT-галеријата ги проширува сензациите на уметничките дела. Во одредени галерии самите артисти фузираат физички уметнички дела кои одат во пакет со NFT.
NFT галериите обично имаат свои веб-страници каде што посетителите можат да ги купат NFT-та што ги виделе во галеријата и им се допаднале. Овој процес може да биде побрз отколку конвенционалниот начин на купување на уметнички дела.
Следно прашање кое се поставува е зошто овој тип на физички и традиционални галерии е важен?
За многумина познавачи на уметноста, виртуелното дело сеуште е помалку вредно во одност на физичката уметност изложена низ галериите. Затоа NFT-галериите имаат за цел да го премостат овој јаз и да најдат компромис помеѓу тврдокорните заљубеници во традиционалната уметност и NFT-ентузијастите. Со самото премостување помеѓу дигиталниот и физичкиот свет, се отвараат нови неограничени можности за соработка помеѓу двата табори. И тоа е одлично. Одлично е затоа што новите уметници ќе имаат огромно олеснување во процесот на пробивање во светските уметнички кругови и елити.
IQOS секогаш стои позади идеата за подобар и модерен свет. Затоа уште еднаш Ве покануваме да ја посетите NFT галеријата. А кога сме кај уметноста, ќе имате можност да се запознаете и со нашето најново дело: IQOS WE, новиот уред за кои сме премногу возбудени и допрва ќе ви пишуваме, споделуваме, нудиме.
Идеата останува преку делото, а делото се вика IQOS!