14/06/2022
Tемите NFT галерија и IQOS 3 DUO WE лимитирана едиција ги опфативме претходно, но ви останавме „должни“ за малку повеќе детали околу самиот настан и лансирањето на лимитираната едиција на IQOS 3 DUO.
Настан за кој гордо можеме да кажеме дека македонската публика првпат беше директно запознаена со дигиталната NFT уметност, која за многу кус период го освои светот.
Philip Morris International како иновативна компанија секојдневно се стреми кон следење на актуелните дигитални достигнувања и начини за имплементирање и претставување на своите производи.
За таа цел, ја организиравме првата NFT Галерија во Македонија, преку која директно им дадовме поддршка на македонските NFT артисти. На 06.05 беше официјалното претставување на лимитираната едиција, а на 07.05 сите заинтересирани корисници добија можност да ја посетат оваа галерија, на OPEN DAY GALLERY во новите простории на ФМТКП во Скопје.
Галеријата беше составена од дела од македонските реномирани артисти Darko R, Ива Станковска, Female Punx и Сара Станоеска, кои преку претставувањето на различни уметнички правци и стилови како минимализам, футуризам, поп-арт и аниме ја доближија NFT уметноста до присутната публика.
Откако посетителите ги разгледаа сите дизајни на нашите артисти, следуваше обраќање на нашиот модератор – Гораст Цветковски, кој ги повика артистите да ја споделат со публиката својата инспирација и желба за креирање на дигиталните NFT дела.
По претставувањето на идејата и концептот на новата дигитална уметност, присутните ги поздрави и Јана Дурнева - Менаџер за Маркетинг и Дигитални решенија од ФМТКП, која ни ја откри новата лимитирана едиција на The We Edition IQOS 3 DUO – едиција инспирирана од убавината на различностите на IQOS заедницата, испрскана со блескава комбинација од бои каде секоја боја ја симболизира индивидуалноста и автентичноста.
Покрај уредот, дел од оваа лимитирана едиција беа и колекција од капачиња за држач во четири различни бои и капак за полнач кои имаат своја приказна.
Жолта која потсетува на пријатното чувство на прифатеност. Сината боја повикува на заедништво. Виолетовата ја слави уникатноста. Портокаловата означува прогрес.
Овој уред за рекордно брзо време беше распродаден.
Посетителите на настанот, освен што имаа можност да го купат новиот уред и со тоа да внесат малку повеќе боја во своето секојдневие, имаа шанса и да изберат еден од 5-те дизајни на артистот Darko R, инспирирани од We, создадени посебно за овој настан, кој потоа го добија на подарок, како дигитален NFT дизајн. Секако, не застанавме на тоа и следуваа уште подароци 😊
Тука беа и IQOS дeвојките, нашите прекрасни хостеси, кои како дел од својот аутфит носеа специјално дизајнирани додатоци креирани од MARKOV - HOUSE OF STYLE.
Како за крај - впечатоците, фидбекот и споделуваните фотографии од страна на посетителите на дводневниот настан претставуваат поттик за организација на уште многу проекти и настани во дигиталниот и физичкиот свет, а најмногу во нашиот IQOS свет.
Твој IQOS!