15/03/2023

Интернационален ден на правата на потрошувачите

Глобалниот пазар последниве неколку децении успеа да сруши огромен број на бариери што го спречуваа процесот на размена на добрата на интернационално ниво. Се отворија нови можности за тргување, за испраќање и примање, нови опции за економски сообраќај на поедноставен и побрз начин. Оваа достапност со себе донесе нови предизвици, ризици, потенцијални опасности, како за купувачите така и за продавачите.

Ти се случило ли некогаш да треба да вратиш оштетен или погрешен производ? Или да ги добиеш потрошените средства назад поради X/Y причина? Ако твојот одговор е позитивен, тогаш веќе си ги искусил своите права како потрошувач.

Што значи ова?

Овие права на потрошувачот не постоеле отсекогаш. Било потребно некој да ги дефинира и спроведе во пракса. Актуелизирањето на оваа тема започнало во доцните 1960-ти.

За нас во IQOS овој ден е повеќе од важен, затоа што членовите на IQOS-семејството и нивните насмевки се нашето гориво, инспирација, наша цел. Затоа ќе го искористиме денот на правата на потрошувачите како уште еден повод за да те потсетиме на неколку круцијални моменти што нашиот тим ги нуди како поддршка со цел да го подобри целокупното IQOS искуство.

1. Регистрирај се на iqos.com

Прво и најважно за IQOS член е да направи профил на веб-страната. Со самата регистрација добивате големи придобивки и ги остварувате сите права според прописите за заштита на потрошувачите вклучувајќи го и правото да се елеминира неусогласеноста на производот во согласност со законот на природата на уредот.

2. Меѓународна поддршка кога сте во странство

Ако патувањето е вашата пасија, ние се погриживме да вашиот омилен IQOS-уред не биде дополнителен терет и грижа. Патувајте безгрижно, затоа што ти стоиме на располагање во дури 68 земји, 24 часа, 7 дена неделно. Сè што треба е само да нè исконтактираш и да ни објасниш со каков предизвик се соочуваш, а ние ќе се потрудиме тоа да го решиме во најкус можен рок.

3. Замена на IQOS уред

Исконтактирај нè и замени го твојот IQOS уред. Обрати се на нашата корисничка поддршка на 0800 99 099 и таму ќе добиеш дополнителни инструкции околу можноста за замена. За да спречиш несакани појави кај твојот уред, поврзани со индивидуалното користење и да уживаш во комплетното искуство, прочитај ги нашите објави за тоа како правилно да го одржувате и чистите уредот.

За нас, ти си повеќе од потрошувач. Ти си дел од нашата приказна која заеднички ја пишуваме, дел од иновацијата која дефинира трендови и која допрва ќе расте во нешто трајно, модерно, безвременско.

Со љубов, IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе