myIQOS

Први чекори со IQOS ORIGINALS DUO

IQOS ORIGINALS DUO полнач и држач за патрони
Нов стил, оригинално искуство
Нашиот најнапреден уред составен од два дела, држач за патрони и полнач, сега станува IQOS ORIGINALS DUO во нова разиграна палета на бои за уште помодерен и стилски дизајн.
Turquoise IQOS ORIGINALS DUO полнач и држач за патрони
Како да го користиш IQOS ORIGINALS DUO?

1. Притисни на копчето на полначот за да го провериш статусот на батеријата.

2. Притисни на копчето на држачот за да го провериш неговиот статус. Доколку светат двете сијалички, имаш на располагање две користења, доколку свети една сијаличка имаш едно користење, а доколку не светат сијаличките мораш прво да го наполниш држачот во полначот.

3. Вметни го патронот во држачот и задржи го копчето на држачот за да започнеш со користење.

4. Прва вибрација претставува започнување на процесот на загревање. Втората вибрација те известува дека може да започнеш со конзумација. Пред самиот крај ќе ја почуствуваш и третата вибрација.

5. Отвори го капакот на држачот и одложи го патронот, а потоа затвори го капакот на држачот и врати го држачот во полначот.

Turquoise IQOS ORIGINALS DUO полнач, струен адаптер и USB кабел
Како да го полниш IQOS ORIGINALS DUO?

1. Притисни на копчето на полначот за да го провериш статусот на батеријата. Доколку е празен твојот уред, користи ги оригиналниот струен адаптер и USB кабел. Трепкачката сијаличка го означува полнењето на уредот. Кога сијаличката ќе свети континуирано, твојот уред е полн.

2. Доколку двете кружни сијалички на уредот светат континуирано, можеш да имаш две користења со држачот. Во спротивно, потребно е да се наполни држачот во полначот.

Turquoise IQOS ORIGINALS DUO полнач и држач за патрони
Како да го чистиш IQOS ORIGINALS DUO?

1. По користењето, остави го држачот да се олади околу 30 секунди, а потоа отвори го капакот на држачот.

2. Вметни ја алатката за чистење и направи неколку полукружни движења, а потоа внимателно извади ја од држачот.

3. За да имаш целосно корисничко искуство, користи ги и стапчињата за чистење, избегнувајќи го сечилото

Кратки совети од нас, за тебе
Наполнет IQOS ORIGINALS DUO Silver држач и полнач

Имај секогаш наполнет уред

Не забораваj секојдневно да ја полниш батеријата на полначот на IQOS ORIGINALS DUO. Полнењето е побрзо ако е вклучено на штекер отколку на USB-портите на лаптопот или друг уред.

IQOS ORIGINALS DUO Silver држач

Секогаш правилно вметни го патронот

Никогаш не го навртувај патронот од несогорлив тутун додека го вметнуваш во држачот за патрони на твојот IQOS ORIGINALS DUO, бидејќи тоа може да го оштети сечилото за загревање.

Наполнет IQOS ORIGINALS DUO Silver држач за патрони и полнач

Чисти го редовно твојот уред за целосно искуство

Чистењето на уредот е најважната работа за одржување на твојот IQOS ORIGINALS DUO. Не заборавај, уредот се чисти кога сечилото е оладено со IQOS сетот за чистење.

Turquoise IQOS ORIGINALS DUO држач за патрони и полнач

Дали ти треба поддршка за користење на IQOS ORIGINALS DUO?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот IQOS ORIGINALS DUO и најди брзи совети.
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.