Први чекори со
IQOS ILUMA ONE

Неколку едноставни чекори за користење на твојот IQOS ILUMA ONE

1. Допри го копчето на твојот IQOS ILUMA ONE за да го провериш статусот на батеријата. Ако статусот на батеријата е на ниско ниво, тогаш наполни го уредот со адаптерот за напојување што доаѓа заедно со уредот. Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае и до 90 минути.

2. Со притискање на копчето четири секунди можеш да го вклучиш/исклучиш уредот.

3. Лизгај го капачето за да се отвори и нежно вметни специјално дизајниран патрон. Притисни го копчето најмалку 1 секунда додека IQOS ILUMA ONE не започне да вибрира и истовремено да трепкаат статусните сијалички. Започни со користење штом IQOS ILUMA ONE ќе започне да вибрира и статусните светла ќе престанат да трепкаат.

4. Кога ќе почувствуваш уште една вибрација и само една сијаличка да трепка бело, твоето искуство со IQOS е скоро при крај (преостануваат 30 секунди или 2 вовлекувања). Затвори го капакот на уредот со лизгање по завршување на користењето.

Полнење на IQOS ILUMA ONE

1. Допри го копчето на твојот IQOS ILUMA ONE уред за да го провериш статусот на батеријата. Ако долниот дел од светлото во форма на линија трепка жолто, тоа значи дека батеријата е празна.

2. Наполни го уредот IQOS ILUMA ONE со помош на адаптерот за напојување и кабелот за полнење што доаѓаат во кутијата заедно со уредот. За целосно полнење на уредот, приклучете го полначот во електричен штекер најмалку 75 минути. Кога уредот е целосно наполнет, сите светла ќе светат бело, а потоа ќе се исклучат.

Совети за користење на IQOS ILUMA ONE

iluma one совети вметнување на патрон

Вметни специјално дизајниран патрон

IQOS ILUMA ONE се користи со специјално дизајнирани патрони, истите се еднократни и немој повторно да користиш веќе искористен патрон.

iluma one совети полнење

Одржување на батеријата

Секојдневното полнење на џебниот полнач IQOS ILUMA ONE е најдобриот начин да се осигураш дека секогаш ќе можеш да уживаш при користењето на твојот IQOS. Полни го уредот со адаптер за напојување одобрен од производителот.

iluma one совети персонализирање

Персонализирај го својот уред

Можеш да ги овозможиш или стопираш паметните потези преку IQOS апликацијата, и да поставиш одредени параметри за твојот уред

IQOS ILUMA™ уредите се користат исклучиво со посебно дизајнирани патрони. Не ги користи IQOS ILUMA™ уредите со патрони наменети за претходните IQOS генерации.

IQOS ILUMA ONE корисничко упатство

Дали ти треба поддршка или можеби неколку совети? Научи како да го користиш и полниш твојот IQOS ILUMA ONE и најди брзи совети.

Тука сме да го решиме секој предизвик со твојот уред

Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.