Како да го користиш lil SOLID Ez?
1. Доколку прв пат го користиш уредот, притисни го копчето на уредот околу 2 секунди за да го вклучиш.
2. Отвори го капакот и вметни го патронот.
3. Притисни го копчето на уредот се до првата вибрација. ЛЕД сијаличката ќе започне да трепка. По неколку секунди, сијаличката започнува да свети континуирано и можеш да започнеш со користење.
4. Пред самиот крај на користењето ќе почуствуваш вибрација. Кога ќе завршиш со користењето уредот автоматски се исклучува.
5. За да го одложиш патронот, направи неколку кружни движења со истиот, а потоа одложи го.
6. Уредот можеш да го користиш 3 пати, последователно.