Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
Новиот IQOS ILUMA i е кај тебе. Прочитај ги следниве едноставни чекори:
1. Притисни и држи го копчето за вклучување/исклучување на твојот џебен полнач 4 секунди, а потоа отпушти; статусните светла на џебниот полнач и статусните светла на држачот ќе се вклучат полека.
2. Вметни го држачот во џебниот полнач и затвори го капакот за да се наполни држачот. Статусното светло на држачот ќе го покаже нивото на батеријата на држачот
3. Пред првата употреба, целосно наполни го твојот џебен полнач околу 135 минути следејќи ги приложените Безбедносни Предупредувања и Упатства.
4. За да го започнеш искуството, извади го држачот од џебниот полнач и вметни специјално дизајниран патрон до линијата на филтерот, додека држачот не завибрира.
5. Загревањето се случува автоматски или со повлекување на екранот чувствителен на допир, кој ќе го прикаже статусот на загревањето. Уредот е подготвен по втората вибрација.
6. Кога на екранот чувствителен на допир ќе се појават две црти, имаш до 3 консумации. Кога ќе се појави една црта, имаш до 2 консумации ако режимот на пауза не бил користен за време на првата консумација. Светлосниот водич околу екранот чувствителен на допир го покажува преостанатото време на секое искуство.
7. Кога ќе завршиш со користење, искористениот специјално дизајниран патрон одложи го според Безбедносните Предупредувања и Упатства.
8. Вметни го држачот во џебниот полнач за да се наполни повторно.
Погледни го туторијалот за да дознаеш повеќе за тоа како да го користиш твојот IQOS ILUMA i.
Следи ги овие едноставни чекори за да обезбедиш оптимално полнење на твојот уред:
1. Постави го држачот во џебниот полнач и увери се дека уредот е вклучен.
2. Приклучи го AC адаптерот за напојување (се продава одделно) и кабелот во џебниот полнач, а потоа во штекер 135 минути за целосно полнење
3. Провери го нивото на наполнетост на твојот уред со притискање и отпуштање на копчето на џебниот полнач. За време на полнењето, статусното светло трепери, покажувајќи го нивото на наполнетост.
Погледни го туторијалот за да дознаеш повеќе за тоа како да го полниш твојот IQOS ILUMA i1.
Екранот чувствителен на допир ќе покаже дали Pause Mode (режим на пауза) е достапен, така што ќе се појават 2 вертикални линии.
Pause Mode може да се користи еднаш во режимот на перформанси (Performance Mode) за време на првата или втората последователна консумација и може да се активира во првите 3 минути или 8 вдишувања.
1. Повлечи со прстот НАДОЛУ преку целиот екран чувствителен на допир за да ја паузираш консумацијата и ќе се појават 4 вертикални линии.
2. За да го продолжиш искуството, повлечи со прстот НАГОРЕ преку целиот екран чувствителен на допир и почекај за загревање. Вибрацијата и светлосниот сигнал ќе покажат дека држачот е подготвен за продолжување наупотребата.
FlexBattery
Flex Battery е функција која може да се управува преку IQOS апликацијата и нуди 2 поставки за батеријата на твојот држач:
1. Performance Mode (автоматски е активиран)
2. Eco Mode
Увери се дека користиш специјално дизајнирани патрони кај IQOS ILUMA i уредот. Тие се за еднократна употреба, па осигурај се да не вметнеш веќе искористен.
Полни го твојот IQOS ILUMA i џебен полнач со компатибилен AC адаптер за напојување (се продава одделно) и кабел за полнење на дневна основа
Можеш лесно да овозможиш/оневозможиш паметни движења преку IQOS апликацијата, а можеш и да подесиш одредени параметри како што се интензитетот на светлината и вибрациите.