Први чекори со
IQOS ILUMA PRIME

Неколку едноставни чекори за користење на твојот IQOS ILUMA PRIME

1. Пред употреба, целосно наполни го својот уред со помош на адаптерот за напојување и кабелот за полнење (приближно 135 минути). Притисни го копчето на џебниот полнач на IQOS ILUMA PRIME за да го утврдиш статусот на батеријата. Доколку статусот на батеријата е на ниско ниво, тогаш наполни го џебниот полнач со помош на адаптерот за струја одобрен од страна на произведувачот.

2. Уредот се вклучува/исклучува со притискање копчето на горниот дел од џебниот полнач четири секунди. Потоа провери ги статусните сијалички на твојот IQOS ILUMA PRIME држач за проверка на преостанатите користења. Две статусни сијалички значат дека држачот е целосно наполнет (подготвен за две последователни употреби). Една статусна сијаличка значи дека преостаната е една употреба. Ниедна статусна сијаличка значи дека држачот треба да биде наполнет во џебниот полнач.

3. Нежно вметни го специјално дизајнираниот патрон како што е прикажано на видеото. Автоматскиот старт се активира веднаш по внесувањето. Доколку автоматскиот старт е оневозможен, можеш да го притиснеш копчето на држачот за нова употреба. Една вибрација и споро пулсирачки светла значи дека процесот на загревање започнува. Две вибрации и вклучено светло/а значи дека уредот е подготвен за употреба.

4. Кога ќе почувствуваш уште две вибрации, твоето време за користење на IQOS уредот штотуку не завршило (преостануваат уште 30 секунди или 2 повлекувања). Едноставно, извади го специјално дизајнираниот патрон и не заборавај да користиш нов за следното искуство. Запомни, едно светло значи дека преостанува само едно искуство, така што ќе треба да го наполниш држачот во џебниот полнач по второто искуство.

5.Кога држачот е во џебниот полнач, две кружни светла го покажуваат статусот на држачот. Кога светлосните сијалички пулсираат бело, тоа значи дека држачот е наполнет. Една или две светлосни сијалички на џебниот полнач покажуваат колку употреби преостануваат.

Полнење на IQOS ILUMA PRIME

1. Пред првата употреба, целосно наполни го уредот користејќи го адаптерот за напојување и кабелот за полнење (околу 135 мин.). Притисни го копчето на џебниот полнач IQOS ILUMA PRIME за да го провериш статусот на батеријата. Ако долниот дел од светлото во форма на линија трепка жолто 3 пати, тоа значи дека батеријата е речиси празна. Наполни го џебниот полнач користејќи го одобрениот адаптер за напојување од производителот. Имај на ум дека се потребни до 20 минути за повторно да се појави светлото ако батеријата е целосно испразнета. Кога статусната сијаличка на линијата свети во целост, твојот уред е целосно наполнет и може да се користи за 20 употреби.

2. Провери го нивото на полнење на држачот. Две кружни сијалички што светат значат дека вашиот држач е целосно наполнет и подготвен за две последователни консумации. Едно светло значи дека останува една употреба. Ако едно светло трепка 3 пати во жолто, треба да го наполните држачот.

Напредни функционалности и паметни потези

Автоматски старт

Твојот IQOS ILUMA PRIME држач ќе започне автоматски да се загрева кога ќе се вметне специјално дизајнираниот патрон. Оваа функционалност е автоматски достапна и може да се исклучи преку IQOS апликацијата.


Подигнување на држачот

Со подигнување на држачот кога не е во употреба, едно или две светла ќе ви покажат колку употреби се преостанати.


Допри двапати

Едноставно допри го држачот двапати за време на користењето и држачот ќе вибрира за да покаже колку останува до крајот на искуството:

  • • 3 вибрации: 75-50%
  • • 2 вибрации: 50-25%
  • • 1 вибрација: помалку од 25%

Совети за користење на IQOS ILUMA PRIME

iqos iluma prime златен држач

Вметни специјално дизајниран патрон

IQOS ILUMA PRIME се користи со специјално дизајнирани патрони, истите се еднократни и немој повторно да користиш веќе искористен патрон.

IQOS адаптер за струја и усб кабел

Одржување на батеријата

Секојдневното полнење на џебниот полнач IQOS ILUMA PRIME е најдобриот начин да се осигураш дека секогаш ќе можеш да уживаш при користењето на твојот IQOS. Полни го џебниот полнач со адаптер за напојување одобрен од производителот.

iluma prime персонализација

Персонализирај го својот уред

Можеш да ги овозможиш или стопираш паметните потези преку IQOS апликацијата, и да поставиш одредени параметри за твојот уред.

IQOS ILUMA™ уредите се користат исклучиво со посебно дизајнирани патрони. Не ги користи IQOS ILUMA™ уредите со патрони наменети за претходните IQOS генерации.

IQOS ILUMA PRIME корисничко упатство

Дали ти треба поддршка или можеби неколку совети? Научи како да го користиш и полниш твојот IQOS ILUMA PRIME и најди брзи совети.

Тука сме да го решиме секој предизвик со твојот уред

Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.