Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
Прочитај ги следниве едноставни чекори:
Новиот IQOS ILUMA i PRIME е кај тебе. Прочитај ги следниве едноставни чекори:
1. Притисни и држи го копчето за вклучување/исклучување на твојот џебен полнач 4 секунди, а потоа отпушти; статусните светла на џебниот полнач и статусните светла на држачот ќе се вклучат полека.
2. Вметни го држачот во џебниот полнач и затвори го капакот за да се наполни држачот. Статусното светло надржачот ќе го покаже нивото на батеријата на држачот.
3. Пред првата употреба, целосно наполни го твојот џебен полнач околу 135 минути следејќи ги приложените Безбедносни Предупредувања и Упатства.
4. За да го започнеш искуството, извади го држачот од џебниот полнач и вметни специјално дизајниран патрон до линијата на филтерот, додека држачот не завибрира.
5. Загревањето се случува автоматски или со повлекување по екранот осетлив на допир, кој ќе го прикаже статусот на загревање. Уредот е подготвен по втората вибрација.
6. Кога на екранот осетлив на допир ќе се појават две црти, имаш до 3 консумации. Кога ќе се појави една црта, имаш до 2 консумации ако режимот на пауза не е користен за време на првата консумација. Светлосниот водич околу екранот осетлив на допир го покажува преостанатото време на секое искуство.
7. Кога ќе завршиш со консумирањето, отстрани го искористениот специјално дизајниран патрон и одложи го според Безбедносните Предупредувања и Упатства.
8. Вметни го држачот во џебниот полнач за да се наполни повторно.
Следи ги овие лесни чекори за да го обезбедиш оптималното полнење на твојот уред:
1. Постави го држачот во џебниот полнач и осигурај се дека твојот уред е вклучен.
2. Вклучи го AC адаптерот за напојување (се продава одделно) и кабелот во твојот џебен полнач, а потоа во ѕидниот приклучок за на појување за 135 минути за целосно полнење
3. Провери го нивото на полнење на твојот уред, со притискање и отпуштање на копчето на џебниот полнач. За време на полнењето, статусното светло трепка, покажувајќи го нивото на полнење.
Погледни го туторијалот за да дознаеш повеќе за тоа како да го наполниш твојот IQOS ILUMA i PRIME.
Екранот осетлив на допир ќе покаже дали Pause Mode (режим пауза) е достапен, така што ќе се појават 2 вертикални линии.
Режимот пауза може да се користи еднаш во Performance Mode за време на првата или втората последователна консумација, и може да се активира во првите 3 минути или 8 вдишувања.
1. Повлечи НАДОЛУ преку целиот екран осетлив на допир за да ја паузираш консумацијата и ќе се појават 4 вертикални линии.
2. За да го продолжиш искуството, повлечи НАГОРЕ преку целиот екран осетлив на допир и почекај загревање. Вибрацијата и светлосниот сигнал ќе покажат дека држачот е подготвен за продолжување на употребата
Flex Battery е функција која може да се управува во IQOS апликацијата и нуди 2 поставки за батеријата на твојот држач:
1. Performance Mode (автоматски е активиран)
2. Eco Mode
IQOS ILUMA i PRIME се користи со специјално дизајнирани патрони, истите се еднократни и немој повторно да користиш веќе искористен патрон.
Секојдневното полнење на џебниот полнач IQOS ILUMA i PRIME е важно. Полни го џебниот полнач со AC адаптер за напојување (се продава одделно) и кабел за полнење на дневна основа.
Можеш да ги овозможиш или стопираш паметните потези преку IQOS апликацијата, и да поставиш одредени параметри за твојот уред.