Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО „FOLLOW THE GOLD“ ПРОГРАМАТА
“Follow The Gold” програмата е активност организирана во рамките на IQOS Curious X платформата за настани и искуства. Со оваа програма регистрираните IQOS корисници, во склад со долунаведените Општи услови, имаат можност да влезат во рангирањето, за да бидат дел од IQOS Curious X патување во Милано, Италија од 24.10 до 26.10.2025 и да присуствуваат на ексклузивниот настан „Sensorium Worlds“ на 25.10.2025.
Општите услови за учество во “Follow The Gold” програмата важат за сите полнолетни регистрирани IQOS корисници, заеднички наречени „Учесници“ во понатамошниот текст. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д.О.О. Скопје има право да ги суспендира, прекине или измени Општите Услови за учество во “Follow The Gold” програмата во било кое време и од било која причина, за што сите регистрирани корисници кои се сметаат за Учесници до тој момент, ќе бидат известени на истиот ден кога промените ќе стапат на сила.
“Follow The Gold” програмата трае од 23.9. до 29.9.2025г. Секој Учесник во програмата мора да:
“Follow The Gold” квизот што треба да го одговорат Учесниците содржи 13 прашања, од кои точниот одговор на секое прашање, носи соодветен број поени. Учесниците се рангираат според бројот на освоени поени. Првите тројца Учесници, кои имаат најголем број на освоени поени, имаат право на учество во наградното патување. Во случај двајца или повеќе Учесници да имаат ист број на поени, нивно дополнително рангирање ќе се врши врз основа на брзината за завршување на квизот, при што предност ќе има Учесникот на кој му било потребно пократко време за завршување на квизот.
IQOS Curious X патување во Милано, Италија од 24.10 до 26.10.2025 и присуство на ексклузивниот настан „Sensorium Worlds“ на 25.10.2025 за тројцата прворангирани Учесници.
Добиеното патување важи само за Учесникот кој освоил едно од првите 3 места на ранг листата, без придружба. Учесникот кој го освоил патувањето нема право истото да го пренесе на трети лица.
Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д.О.О. Скопје го задржува правото да го истражи учеството во “Follow The Gold” програмата со цел откривање на какви било злоупотреби и да ги преземе сите потребни мерки за да ги спречи или отстрани истите. Рангот стекнат со злоупотреба или непочитување на Општите услови нема да важи за Учесникот што се стекнал со истиот на ваков начин.
Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д.О.О. Скопје, ќе ги контактира тројцата прворангирани Учесници, за да ги извести дека го оствариле правото на наградното патување и го задржува правото да побара дополнителни податоци согласно со законот (ЕМБГ и др.), за целите на регулирање на обврските кон државата, вклучително плаќање на даноци, како и за цели на организирање на патувањето и сместувањето за прворангираните Учесници. Учесниците кои ќе одбијат да ги достават дополнителните податоци нема да можат да присуствуваат на патувањето.
Учеството е забрането за лица кои учествувале во развојот на програмата, како и лица кои се поврзани со тие лица, како и за вработените во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д.О.О. Скопје.
На овие Општи услови се применуваат законите на Република Северна Македонија. Во случај на каков било спор, надлежност ќе има Основниот граѓански суд во Скопје.
“Follow The Gold” програмата ја организира компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д.О.О. Скопје, ул. Максим Горки бр. 13 – 1000, Скопје.