Loading...
Дозволете да Ви ги покажеме придобивките од користењето IQOS! Регистрирајте се!
*
*
*
close

Изјава на согласност за обработка на лични податоци

Контролор на лични податоци: Друштво за производство и трговија со тутунски производи ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје, со адреса на бул. Св. Кирил и Методиј бр.7, 4-ти кат, Бизнис Центар Сити Плаза, 1000 Скопје, Северна Македонија (во натамошниот текст: „ФМТКП“)

Цели на собирањето и обработувањето на личните податоци:

  • Давање корисничка поддршка на купувачите на електрoнскиот уред IQOS™.
  • Анкетирање на купувачите поради истражување на пазарот, преку агенција за истражување што ќе ја назначи ФМТКП.
  • Идна комуникација со клиентите.

  • ИЗЈАВА НА СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Со потпишувањето или прифаќањето на овој документ на друг начин потврдувам дека:

  • сум возрасен поединец постар/а од 18 години;
  • сум пушач, односно корисник на други производи кои содржат никотин;
  • Личните податоците за моето име и презиме, пол, датум на раѓање, број на мобилен телефон, адреса за е-пошта, град и држава на живеење и други податоци кои доброволно ги давам (во натамошниот текст: „Личните податоци“) се вистинити и точни.

  • Понатаму, ја давам мојата согласност на ФМТКП да ги собира, чува, обработува и користи Личните податоци за целите опишани погоре, и тоа:

  • Се согласувам да ме контактира ФМТКП или овластен давател на услуги на ФМТКП (преку телефон, пошта, е-пошта, SMS итн.) за да ми дава корисничка поддршка, и да ми дава информации и известувања за функционирањето и својствата на IQOS™ уреди и поврзаните производи, потрошувачки уреди, вклучително и информации и материјали за лансирање на брендови на пазарот, измени во пакувањето, настани, пазарни активности и/или регулативата за производите и други информации што ФМТКП смета дека се значајни и битни;
  • Се согласувам ФМТКП да ги пренесува или да ги обработува Личните податоци преку свои поврзани лица, или, врз основа на релевантни договори, преку трети страни, или (доколку законот така налага) јавни органи, во Северна Македонија или во странство, во земји кои се членки на Европската унија или на Европскиот Економски Простор или во земји кои не се членки на Европската унија или на Европскиот Економски Простор кои обезбедуваат соодветно ниво на заштита на лични податоци (вклучително, но, без ограничување на, Швајцарија или Израел), за целите опишани погоре, како и заради аналитички цели и цели на спроведување пазарно истражување и анкетирање на потрошувачи (притоа, разбирам дека во секое време може да одбијам да учествувам во истите). Воедно, разбирам дека во сите случаи во кои Личните податоци се пренесуваат надвор од Северна Македонија, ФМТКП ќе обезбеди странските земји да се такви што обезбедуваат соодветно ниво на заштита на лични податоци, вклучително како што се признати од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија или од Европската Комисија, и дека во тие земји ќе се применат соодветни безбедносни мерки за заштита на лични податоци, во согласност со применливите прописи за заштита на лични податоци, вклучително, каде што е потребно, и преку склучување на стандардни договорни клаузули одобрени од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија или од Европската Комисија;
  • Се согласувам ФМТКП да ги чува Личните податоци на безбеден начин во Северна Македонија или во странство, согласно законите на Северна Македонија, за период кој е потребен за остварување на целите заради кои истите се собираат, освен ако порано не ја повлечам мојата согласност;
  • Се согласувам евентуалните телефонски разговори помеѓу мене и операторот од Потрошувачкиот сервис на IQOS™ да бидат снимани заради унапредување на квалитетот на дадените услуги.
  • Запознаен/а сум дека имам право да ја повлечам мојата согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена. Меѓутоа, разбирам дека повлекувањето на согласноста може да ја засегне можноста на ФМТКП да ги остварува горенаведените цели.

    Запознаен/а сум дека имам право да барам од ФМТКП пристап, исправка (дополнување, ажурирање) или бришење на Личните податоците или ограничување на обработката на Личните податоците, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците. Запознаен/а сум и дека можам да се обратам и до Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија во врска со остварувањето на моите законски права за заштита на лични податоци.

    Разбирам дека можам да ја повлечам согласноста, или да побарам информации за мерките што ФМТКП ги применува за заштита на моите Лични податоци или да ги остварам моите други права опишани погоре во секое време, обраќајќи се на ФМТКП по пошта на бул. Св. Кирил и Методиј бр.7, 4-ти кат, Бизнис Центар Сити Плаза, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, или по е-пошта на следната адреса: contact.mk@iqos.com.

    Разбирам дека ФМТКП се обврзува да ја почитува мојата приватност, безбедно да ги чува моите Лични податоци и да обезбеди секој пренос и/или обработка на истите што е дозволен од моја страна со ова да се врши во согласност со стандардите на ЕУ и со стандардите што важат во Северна Македонија. Секоја комуникација од ФМТКП ќе се упати на податоците што ги имам доставено. Разбирам дека повеќе информации за правилата за заштита на лични податоци што ги има Philip Morris International можам да прочитам во Известувањето на PMI за приватноста на потрошувачите (PMI Consumer Privacy Notice). Доколку не сакам да примам натамошни информации од ФМТКП, можам да се обратам на contact.mk@iqos.com со барање ФМТКП да ги избрише моите Лични податоци во рок од 30 дена од приемот на барањето.