НАДГРАДБА НА СОФТВЕРОТ НА IQOS 3 DUO

Поддршка Често поставувани прашања (FAQ) НАДГРАДБА НА СОФТВЕРОТ НА IQOS 3 DUO
Поддршка Често поставувани прашања (FAQ) НАДГРАДБА НА СОФТВЕРОТ НА IQOS 3 DUO
Вашиот IQOS 3 Duo содржи софтвер, што е вграден во уредот од моментот на производство.
Како и сите уреди кои подлежат на надоградба, така и за овој уред креиравме нова верзија на софтвер која го подобрува искуството при користењето, го елиминира потенцијалните софтверски грешки овозможува подолго и пооптимално користење.
Доколку сте во можност посетете нé во било која од зоните во Скопје.
Овој проблем најчесто е поврзан со користење на постара верзија на уредот.
Нашите експерти ќе го дадоградат софтверот на вашиот уред и ќе се осигураат дека работи добро пред да Ви го вратат. Истовремено и ќе го исчистат детално Вашиот уред, бидејќи нашата цел е да имате уред во совршено исправна состојба.
Нашата препорака е да го надоградите Вашиот уред иако работи добро.
Со надоградбата на софтверот на IQOS 3 Duo уредот, Вие ќе избегнете било какви потенцијални софтверски потешкотии во иднина и ќе имате подолготрајно и подобро искуство при користење на уредот.
Најчестите потешкотии кои произлегуваат од користењето на постара верзија од софтверот се: црвена трепкачка сијаличка, слаба батерија на држачот, пократкотрајна инхалација и сл.
Контактирајте нé на бесплатниот телефонски број за да ја проверите верзијата на Вашиот IQOS 3 Duo уред: 0800 99 099.
Нашите агенти ќе го побараат Вашиот единствен код на уредот, ќе Ве известат за моменталната верзија и ќе Ви дадат насоки и совети доколу е потребно.
Во моментов креирана е најнова верзија само на IQOS 3 Duo уредот.
Доколку имате IQOS 2.4 Plus или lil SOLID 2.0 уред, нема потреба од проверка и надградба на верзијата на софтверот на Вашиот уред.
IQOS не е без ризик. Ослободува никотин кој создава зависност. Само за полнолетни.